• Latest

Продолжува седницата за уставните измени, се уште се преговара за парламентарно мнозинство

January 10, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Продолжува седницата за уставните измени, се уште се преговара за парламентарно мнозинство

January 10, 2019 07:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешното продолжение на собраниската седница, откако вчера со 78 гласа „за“ беше усвоен дневниот ред меѓу другото се и предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите.

Премиерот Зоран Заев, на вчерашната седница ги повика пратениците да донесат историска одлука која ќе ја однесе Македонија во ЕУ и НАТО, бидејќи во спротивно земјата ќе биде изолирана и заборавена.

Заев порача дека договорот за името содржи јасни обележја за македонската посебност, при што јазикот и идентитетот се македонски, а земјата ќе носи име признаено од целиот свет. Според него, ниту подариле, ниту некој и одземал нешто на земјата кога се договориле за географската одредница, а со усвојувањето на уставните измени се заокружува процесот.

„Тој свечен чин ќе биде кулминација на сите наши напори. Израз на нашата посветеност да најдеме решение кое е во интерес на иднината и на граѓаните и на нашата земја“, посочи Заев.

Заев повика да се остават настрана партиските интереси, да се обединат сите и да ја препознаат историската одлука која треба да се донесе.

„Изборот не може да биде појасен. Успехот не може да биде поизвесен. Големината на оваа историска одлука треба да ја препознаеме сите. Вашиот глас е глас за полноправно членство во НАТО за помалку од една година. Вашиот глас за не става во европското семејство на ЕУ. Секој глас против е глас за изолација, несигурност, сиромаштија, за нови политички кризи и поголема неизвесност дури од оние кризи од нашето минато“, рече Заев.

За завршувањето на третата и финална фаза од уставните измени, кои произлегоа од Договорот од Преспа е потребно двотретинско мнозинство, кое премиерот Зоран Заев се обидува да го обезбеди, а за кое вели дека ќе се знае дали го има на денот на гласањето.

Секој амандман се утврдува со обично мнозинство, потоа се отвора општиот претрес, па претресот по текстови и секој амандман поединечно се гласа со двотретинско мнозинство. Потоа се гласа за сите амандмани заедно со двотретинско мнозинство и на крајот се отвора уставниот закон, за чие усвојување исто така е потребно двотретинско мнозинство.

Заев вчера преговараше со Беса на Биљал Касами во врска со нивните барања во однос на амандманите, а претходно беа прифатени дел од барањата на Алијансата на Албанците на Зијадин Села.

Седницата денеска ќе почне во 13 часот, како што најави вчера претседателот на Собранието Талат Џафери, по експозето на Заев пред пратенците во врска со последната фаза од уставните измени, во кое побара позитивна одлука, која ја нарече историска и можност за подобар живот за сите граѓани на Република Македонија.

По прогласувањето на амандманите пратениците треба да го изгласаат и уставниот закон за нивно спроведување. Овие амандмани ќе бидат составен дел на Уставот на Република Македонија и ќе влезат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски вчера информираше дека е обезбедена поддршка од минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“, како што изјави и лидерот на партијата Христијан Мицкоски претходно пред Собранието, нема да учествуваат на седницата и нема да дадат легитимитет за промена на Уставот.

Пред Собранието во исто време се одржуваше протест во организација на здруженијата „Македонија блокира“, „Христијанско братство“, партијата „Единствена Македонија“, „Твордокорни“ против уставните измени. Најавија дека протестот ќе продолжи и денеска.

Македонското Собрание на  19 октомври со 80 гласа ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. Иако потребното двотретинско мнозинство во правата фаза од менување на Уставот беше неизвесно до самиот почеток на гласањето, сепак во последен момент освен 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За втората фаза, која помина минатиот месец, беа потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници.

М. И.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ