• Latest

Продолжува собраниската расправа за предлогот Добрила Кацарска да биде нов судија во Уставниот суд

November 5, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжува собраниската расправа за предлогот Добрила Кацарска да биде нов судија во Уставниот суд

November 5, 2020 13:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска ја продолжува расправата за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд. Кацарска за уставен судија ја предложи Судскиот совет, на крајот на септември. Таа треба да дојде на местото на судијата Владимир Стојановски, чиј мандат е истечен.

За предлогот дискутираше пратеникот Бране Петрушевски, кој рече дека Кацарска е контроверзна личност, која со оваа функција во Уставниот суд се наградува поради нејзината послушност во извршување на наредбите од власта. Тоа што претседателот на Судскиот совет Кире Здравев не го образложил предлогот, рече тој, говори дека се срами од она што го предлага Судскиот совет.

На оваа дискусија реплицираше пратеникот Мартин Костовски од СДСМ, кој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ најмалку има право да зборува за независно судство, откако цела јавност можела да чуе како се договарале и издавале наредби за судски пресуди. За време на неговата дискусија опозициските пратеници упатуваа свирежи, како и во текот на вчерашниот ден, кога излегоа и со транспарент „Кацарска извршител на мафијата“.

Министерот за правда Бојан Маричиќ е оптимист дека Собранието ќе ја избере Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд, бидејќи предлогот помина со мнозински гласови во Комисијата за избори и именувања.

– Со оглед на тоа дека предлогот судијката Добрила Кацарска да биде судија на Уставниот суд помина со мнозински гласови во Комисијата за избори и именувања, јас можам да кажам дека сум оптимист дека би требало да биде изгласана и во Собранието затоа што обично одлуката во Комисијата за избор и именувања е некој индикатор за тоа какво е расположението во Собранието, рече министерот Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека не треба да се заборави дека Кацарска е предлог на Судскиот совет од редот на судиите и тоа има една посебна тежина. – Мислам дека тоа треба и Собранието да го процени, да го оцени и да го цени и верувам дека ќе биде така, рече Маричиќ.

Во однос на герила акциите на собраниската седница, Маричиќ рече дека пратениците на опозицијата протестираа во Собранието заради тоа што Добрила Кацарска била судија во случаите од „27 април“ каде што е извршен напад во Собранието и каде што имаше крвопролевање врз пратениците, вклучувајќи и еден голем дел од денешната Влада со цел да се спречи изборот на претседател на Собранието и заради тоа што постапувала во други случаи каде што бил осуден доскорешниот почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Ако е тоа поимот за правда за ВМРО-ДПМНЕ за што протестираат често и пред Министерството за правда и на различни локации тогаш нека ценат граѓаните која е нивната визија за правда и правна држава. Значи, го доживувам тоа како личен напад за одбрана на нивните потенцијални и веќе утврдени злодела, нешто што е веќе битка повеќе години и верувам дека, тоа беше битка и со Законот за ЈО кога со сите сили се обидуваа да го спречат неговото донесување, но сите тие битки досега ги загубија. Верувам дека ќе биде и тоа така, нема никаква основа во тоа што тие го промовираат. И тоа што тие го промовираа вчера во Собранието за жал беше спротивно на владеењето на правото и на правната држава. истакна министерот за правда.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ