• Latest

Продолжува вакцинацијата во земјава, ЕМА оцени дека згрутчување на крвта е ретка нус појава од вакцината на „Астра Зенека“

April 8, 2021
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
Скриншот од видео на
Times News

Украина не треба да му дава ништо дополнително на „терористиот“ Путин- изјави Зеленски, додека Трамп вели дека Путин „ќе земе нешто“

October 20, 2025
Газа. Фото: Х

Примирјето во Газа го преживеа првиот голем тест, Израел и Хамас ја потврдуваат посветеноста на договорот

October 20, 2025
Фото: ДИК

ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

October 20, 2025

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Продолжува вакцинацијата во земјава, ЕМА оцени дека згрутчување на крвта е ретка нус појава од вакцината на „Астра Зенека“

April 8, 2021 10:16
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови кога во земјава продолжува процесот на имунизација на повозрасните лица и вработените во Армијата и образованието, Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „Астра Зенека“ и појавите на згрутчување на крвта, но нагласи дека оваа последица е многу ретка и бенефитите од вакцината и натаму се поголеми од ризиците.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Комитетот за фармаковигилентност на ЕМА заклучи дека е утврдено невообичаено згрутчување на крвта по вакцинирањето со „Астра Зенека“, но дека начинот на кој се случува оваа реакција не е јасен.

Сепак според, експертите од ЕМА мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера по посетата на Геронтолошкиот завод „13 Ноември” во Ѓорче Петров најави дека во однос на вакцинирањето на помладите граѓани со вакцината на „Астра Зенека“ ќе се почека официјалниот став на ЕМА.

Тој најави и дека сите граѓани, кои ја примија оваа вакцина во Србија, ќе можат да се ревакцинираат во земјава, по пристигнувањето на дополнителните количества преку Ковакс механизмот, што според најавите се очекува да се случи до крајот на овој месец.

Земјава минатата недела го прекина вакцинирањето на лица помлади од 60 години со вакцина „Астра Зенека“, следејќи го примерот на Германија и Канада, додека имунизацијата на граѓани над 77 години на пунктовите низ државата продолжи според планот и, како што тврдат надлежните, се одвива добро и без контраиндикации.

Веќе неколку дена трае теренската вакцинација на стари лица сместени во болницата за Геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Ѓорче Петров и домовите за сместување стари лица во Скопје и во Битола. Во двата дома „Сју Рајдер“ веќе е завршена вакцинацијата, а во тек е имунизацијата во домовите за стари лица во Битола и Скопје и во центарот за сместување на стари лица „Мајка Тереза“. Во следните денови ќе се вакцинираат и штитениците во домовите за стари лица во Куманово, Прилеп и Берово.

Во исто време во А1 Арената „Борис Трајковски“ продолжи вакцинацијата дел од припадниците на Армијата и наставниците од прво до трето одделение.

Филипче по повод вчерашниот Светски ден на здравјето порача дека вакцинацијата е единствениот начин да го победиме вирусот, која за жал, како што нагласи, не се одвива со посакуваното темпо никаде во светот.

– Правиме се за да ги зголемиме количините на вакцини во нашата земја. Моја најголема заложба и желба е вакцинацијата да ја завршиме што побрзо. Затоа, се што е во наша надлежност го направивме исклучително брзо и професионално, а подготовка за вакцинација ја спроведовме навремено и ефикасно. Барам трпение, разбирање и почитување на мерките додека да се надмине овој период, порача Филипче.

Според вчерашната статистика на Министерството за здравство, во деноноќието меѓу вторникот и средата од направени 4.438 тестирања регистрирани се 1.302 нови случаи на Ковид-19, како и 626 оздравени пациенти и 51 починати лица, меѓу кои 80 проценти на возраст над 60 години, додека најмладата жртва е 32-годишник од Куманово

Со вчерашните бројки вкупната цифра на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 137.728, на оздравени 111.765, а на починати 4.072. Бројот на активни случаи вчера изнесуваше 21.891.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 29 март до 4 април регистрирани сe 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 6,9 отсто во однос на претходната седмица.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 21 до 35,2 отсто или во просек 29,3 отсто, со зголемување за 1,7 отсто во однос на претходната недела. Пријавени се 260 смртни случаи од 27 градови или за 27,5 отсто повеќе во однос на претходната недела.

Според вчерашните податоци, на инфективните оддели во земјава беа хоспитализирани 1740 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и имаше околу 260 празни болнички кревети.

Во вакви услови, како што најави министерот Филипче, од денеска осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи.

– Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Во исто време, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) покрена иницијатива до Уставниот суд за утврдување на уставноста на точка 408 од Правилникот за професионални заболувања, односно признавање на Ковид-19 како професионално заболување со цел секој работник да може да ги оствари своите права при евентуално заболување со вирусот.

Здружението бара од Уставниот суд да ја поништи постоечката одредба и да донесе нова со која секој работник кој работи на место каде има зголемен ризик од заразување со Ковид-19, да може да ги оствари своите уставно загарантираните права доколку се зарази со вирусот.

Податоците на Евростат покажуваат дека во текот на минатата година во Европската унија опаднал очекуваниот животен век на граѓаните. Според Еуростат, најголем пад има регистрирано во Шпанија, каде животот е пократок за 1,6 година во споредба со 2019 година. По неа е Бугарија со загуба од 1,5 година, а ја следат Литванија, Полска и Романија, каде е регистрирано намалување на животниот век за 1,4 година. Данска и Финска се единствените земји од ЕУ што забележаа зголемување на очекуваното траење на животот, од само 0,1 година.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ