• Latest

Продолжуваат финансиските рестрикции на ЕУ за Македонија!

July 27, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжуваат финансиските рестрикции на ЕУ за Македонија!

July 27, 2016 15:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Финансиските рестрикции кои започнаа со стопирањето на предвидената помош во износ од околу 100 милиони евра од ИПА 2 програмата, продолжуваат со новата одлука – 24 милиони евра неповратни средства, кои беа доделени од третата компонента на ИПА 1 фондовите, наменети за регионален развој , да се повлечат од Македонија“, изјави пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, на денешната прес-конференција. 

Како што истакна Лидија Димова, во двата случаја се работи за неповратни средства, што претставува голем удар за македонската економија, особено во момент кога Владата ја издаде новата еврообврзница, со која, со нови 450 милиони евра се задолжуваат граѓанките и граѓаните во Македонија.

„Овие 24 милиони евра коишто Владата морала да ги врати во Брисел, биле наменети за подобрување на патната инфраструктура по должината на регионалната мрежа на Југоисточна Европа, од Приоритетната оска 2, со чија помош се модернизира транспортната инфраструктура! За подобрување на инфраструктурата од Приоритетната оска 3 за заштита на животната средина! Најголем дел од парите биле за инфраструктура за собирање и прочистување на отпадни води, а дел за воспоставување интегриран и финансиски одржлив систем за управување со цврстиот отпад. Македонија изгуби средствата и од техничката помош за подготовка на инвестициски проекти од Приоритената оска 4! Во 2015 година, земјава вратила 17 милиони евра неповратно доделени пари, на Брисел, а претходно, во 2014 година, моравме да вратиме околу 7.7 милиони евра. Тоа се вкупно 24 милиони евра отидени во неврат!“, изјави Димова.

lidija 3

Претходно, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Димова, за влијанието на губењето на ИПА фондовите врз македонската економија. Спореднеа, тоа „лошо ќе влијае од две битни причини. Прво, затоа што Македонија си дозволува да изгуби неповратни средства. Владата е толку креативна што измислува некои чудни институции од кои земаме кредити под апсурдни услови. Од таа гледна точка, тоа ќе биде штета. Ги задолжуваме идните поколенија. Ако до вчера, долгот за секое новородено дете беше 2.100 евра, денеска тој ќе рипне на 2.500 евра. Втората причина зошто ова ќе влијае штетно, е затоа што имаме обичај да ја забораваме причината поради која ЕУ ги дава овие фондови. ЕУ во нас гледа идна држава-членка и во процесот на пристапување ние треба да развиваме одредени капацитети за кога ќе станеме држава-членка, да можеме без проблем да ги апсорбираме големите европски средства коишто се само за државите-членки, тие се во рамките на кохезионите и структурните фондови. Ако вие не знаете да ги искористите овие релативно мали средства, тогаш практично им кажувате на државите-членки дека кога ќе бидете дел од ЕУ, само ќе им пречите. Затоа што, ако денес не знаете да искористите 600 милиони евра, како ќе знаете утре да искористите 10 милијарди евра?“, истакна Димова.

М. Теговска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: долгеврообврзницаИПАМакедонијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result