• Latest
Протест против градежниот хаос во општина Аеродром, 9 октомври 2018.
Извор: граѓанска новинарка

Продолжуваат протестите во Аеродром

October 10, 2018
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Продолжуваат протестите во Аеродром

October 10, 2018 08:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Протест против градежниот хаос во општина Аеродром, 9 октомври 2018.
Извор: граѓанска новинарка

Протест против градежниот хаос во општина Аеродром, 9 октомври 2018. Извор: граѓанска новинарка

Share on FacebookShare on Twitter

„Изгледа немаш образ да излезеш на прес надвор од Општина, па си се бутнал у дупка и од таму кажуваш приказни за мали деца. Ако не ти одговориле од Уставен, и толку сакаше да го спречиш се ова, што не ги повика граѓаните на протест пред судот…“, „Чекај како на страна на граѓаните? Ако си против зградата тогаш зошто почнала градба? За украс и сечење ленти ве бираат? И не туку се вади со најави за формирање комисии тоа требаше да го направиш штом седна на фотелја, дур ја оформите вие комисијата зградата ќе биде вселена. Срам да ти е, па уште имаш лице да излезеш на прес“, „Како не ти е срам? Пола Аеродром е градилиште од дозволи за градба потпишани од тебе. Живееме во гнасотии и пепел. Не реагирате ни на жалбите наши да се работи по прописите. Сè е лом!“, „За каква битка зборуваш? Ќе не угушите, па субвенции за гас маски ќе ни давате за месец-два. Ваквите глупости ви беа копјето за да ги бутнете претходните, очекувајте го истото и вие сега. Градите до мајчин дом, а со мајка природа нема играње…“ се само дел од коментарите на објавата на Општина Аеродром од вчерашната прес-конференција на градоначалникот на општината Златко Марин.

По вчерашниот протест за денеска е закажан уште еден во 5 часот пред парцелата кај Мајчин дом.

„Овие настани претставуваат спонтани граѓански собири, испровоцирани од поставувањето на градежната механизација и претворањето на тревникот во градилиште. Собирот е чист граѓански активизам, надпартиски, нема водач, нема единствен организатор – туку е поддржан од целата фејсбук Група “Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче – Воздух Сега!” Собирите имаат за цел да испратат силна пораката до локалната, но и до централната власт : дека мора веднаш да се ПРЕСТАНЕ со сите градежни активности покрај Мајчин Дом и граѓаните ВЕДНАШ да бидат ВКЛУЧЕНИ во носењето одлуки!

Бараме: итно стопирање на градежните активности, итно дислоцирање на градежната механизација и итно вклучување на граѓаните во носењето одлуки за овој анти-граѓански донесен ДУП.

Имаме право да одлучуваме за својата општина и својот град! Стопирајте веднаш!“ стои во повикот за денешниот протест.

Вчерашниот протест помина релативно мирно со неколку обиди да се создаде неред и поголема ескалација од страна на поединци кои ги спречија самите граѓани. Обидите да се сруши заштитната ограда околу парцелата останаа неуспешни, делумно поради тоа што оградата е многу цврсто поставена, а делумно и поради Единиците за брзо распоредување кои експресно им дојдоа на помош на колегите од МВР. МВР и ЕБР бранат приватен имот со државни пари! Единиците на ЕБР останаа да го чуваат земјиштето до рано изутринава.

„Криминалци, надвор од Аеродром!“, „Криминалци, надвор од Скопје!“ беа најчестите слогани на демонстрантите, според кои градоначалникот само купува време. Нив не ги интересираат личните ставови на граѓанинот Златко Марин, туку што тој како градоначалник ќе преземе за да се спречи градежниот хаос во општината.

Градоначалникот очекувано, не се појави, но испрати свои претставници кои побараа од дел од организаторите по протестот да се упатат на средба со него. Поканата експресно беше одбиена, а причините се повеќе од познати.

Тој вчера пред протестот конечно се одважи и свика прес-конференција на која не кажа ништо ново, ниту понуди решение, игнорирајќи ги повиците на граѓаните и велејќи дека нема намера да си даде оставка поради неколку негативни коментари на Фејсбук.

ЦИВИЛ во текот на вчерашниот ден преку соопштение до јавноста му се обрати на градоначалникот Марин потсетувајќи го на неговата улога и функција која е во корист на граѓанките и граѓаните а не на бизнис интересите на поединци, и особено не на урбаната мафија!

„Го потсетуваме градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин дека неговата функција и задача е да биде на страна на граѓан(к)ите и нивните интереси. А интересите на овие граѓан(к)и кои живеат во најзагадената општина во Скопје секако не се новите висококатници, туку чистиот воздух и здравата животна средина.

Го повикуваме градоначалникот Марин, да се присети на сите дебати со неговиот против кандидат од локалните избори, поранешниот градоначалник на општината Ивица Коневски, во кои тој нудеше безброј решенија за стопирање на неконтролираното градење во веќе урбанизираниот дел од општината. Ниту едно од овие решенија актуелниот градоначалник Марин досега не се обиде да ги спроведе, ниту ги прифати предлозите на активистите со кои имаше средба пред неколку месеци.

Речиси една година подоцна од неговиот мандат во општината, урбанистичкиот хаос и натаму продолжува, а една од најважните точки од неговите предизборни ветувања, онаа за која и доби најмногу гласови на локалните избори, намалувањето на изградба во урбанизираниот дел од општината, не само што не е остварена, туку, напротив се чини е веќе заборавена.

Го повикуваме градоначалникот да изнајде соодветно решение, или да ги прифати оние решенија коишто изминатите месеци му беа понудени. Или, едноставно доколку навистина е „со врзани раце“ како што најчесто знае да каже, да си даде морална оставка од функцијата поради неисполнување на ветеното! Сега е моментот да ја покаже својата вистинска намера и да застане на страната на граѓанките и граѓаните кои му го доверија мандатот!“, стои во соопштението на ЦИВИЛ.

М. Ивановска
фотографии и видеа на граѓански новинар

 

Tags: АеродромЗлатко МаринМајчин домПротестиурбана мафијаурбанистички хаос
Share99TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ