• Latest
Фото: Трн.мк

Проектот Скопје 2014 оценет како пропаганда за национализам и партиски цели на дебатата „Школа за пропаганда“

March 3, 2024
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Проектот Скопје 2014 оценет како пропаганда за национализам и партиски цели на дебатата „Школа за пропаганда“

Вчера во Музејот на Современа уметност, во организација на Факултетот за работи што не се учат се одржа конференцијата „Школа за пропаганда“. На конференцијата Школо за пропаганда „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА. Од Скопје 2014 до Скопје – Eвропска престолнина на културата 2028“, која се реализираше во рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал, осум панелисти со различни погледи и искуства изложија различни мислења и аспекти за проектот Скопје 2014 ставен во кореалција со титулата која ја доби градот Скопје – Европска престолнина во 2028 година.

March 3, 2024 16:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА
Фото: Трн.мк

Фото: Трн.мк

Share on FacebookShare on Twitter

На конференцијата, се истакнаа различни аспекти и мислења за проектот кој во повеќе наврати беше оценет како негативна пропаганда и обид да се подели државата во етнички табори. Настанот, што беше прифатен како квалитетна дебата во градот, придонесе за интелектуалното разгледување на темата, со моменти кои повремено личеа на реално шоу, како што беа несмасните  обиди на радикални десничари да се адаптираат на демократскиот панел, создавајќи интересни динамики на настанот.

 

 

Конференцијата беше поделена во два панели. Во првиот дел на тема: „Антиквизациска пропаганда, обид за дефиниција“ се обратија: Катерина Колозова, професорка по филозофија и културна теорија, Бојан Иванов, историчар на уметност, Ана Петрушева, директорка на БИРН Македонија и д-р Горан Јанев, редовен професор на Институт за Социолошки и политичко-правни истражувања.

Пред да почнат панелистите со презентациите,  се обратија и Тихомир Топузовски, директор на Музејот на современа уметност, кој истакна што е пропаганда и зошто е релевантна во МСУ, реферирајќи на Орвеловата сентенца дека цела уметност е пропаганда. Понатаму свое обраќање имаше и Јонас Стал, холандскиот уметник кој ден претходно ја постави изложбата „Станица пропаганда“ во МСУ.

Катерина Колозова

 

Катерина Колозова, првиот панелист, истакна дека за разлика од Орвел, треба да има простори кои може и треба да бидат ослободени од пропаганда.

„Скопје 2014 беше наметнато како пропагнден проект. Проблемот не е во пропаганда тука, проблемот е во тоа дали естетиката која што ја наложи е врзана со тоталитарен концепт на режим, на управување, тоа е едното прашање и второто прашање е во однос на културолошко идентитеско прашање. За Скопје 2014 и за тој тип рекреација на минатото кога ние го употребуваме зборот антиквизација на Македонија, тоа е многу специфичен и конкретно врзан за конкретни политички мотиви, сметајќи дека идентитетот е загрозен со повикувањето на Грција, со името, називот Македонија, се што е изведенка од Македонија“, рече таа.

Понатаму таа истакна дека во истражувањето кое што под нејзино раководство го изведе Институтот за општествени и хуманистички науки во 2013 година, со цел да се измери дали наметнувањето на античката историја преку проектот Скопје 2014 врши насилие на идентитетското себепрепзнавање, се дошло до резултати кои го потврдуваат насилието.

„Поставивме 10 историски периоди, 12 историски личности и им дадовме на луѓето да бираат кои се најзначајни за нивниот идентитет. Резултатите кои ги добивме тогаш покажуваа дека антиката е само 5% важна за идентитетот, Алексанадар 7%. Резултатите од анкетата покажаа дека има едно насилие, не се работи за рекреирање на минатото.

Бојан Иванов

 

Бојан Иванов, историчар на уметност, презентираше правејќи споредба со обновата после земјотресот во 1963 година на чија бил и самиот сведок.

„Тезата која сакав да ја поставам е дека иако навидум, луѓе кои се веројатно повредени а знам дека има такви, би претпоставиле дека говорам дека Скопје 2014 е одмазда за успехот на Скопје за 1963. Не сакам да ги поставам на тој начин овие корелации“, истакна тој. Тој за проектот Скопје 2014 истакна дека е нешто многу помало по обем, по продлабоченост, по амбиции ако го гледаме споредено со обновата на Скопје по земјотресот.

„Бидејќи немам впечаток, не е ова прашање на осуда, но немам впечаток дека некоја јака пропаганда беше во прашање со проектот Скопје 2014. Приказните кои беа лиферувани дека ова е важно за надворешна употреба, за зацрврстување на идентитетот, да се обезбеди предност во рамки на меѓуетничките побарување кои се секогаш политички итн, не добив впечаток дека Скопје 2014 е сериозно некаков напор. Јас да бев ќе го изведе со прстот во нос и толку. Првото траеше нецели 8 години, второ ангажираше нецел медиумски простор. И знам дека ќе се лутите, но 700 милиони евра е ситно. Не се пари. Мислам, споредете го со овие 8 години од изградбата одново на Скопје“, кажа Иванов.

Ана Петрушева

 

За разлика од Иванов, Ана Петрушева, директорка на БИРН Македонија, истакна дека сумата од 700 000 милиони евра потрошена на проектот Скопје 2014 воопшто не е за потценување.

Со видеото кое го подготиле на тема: База на податоци Скопје 2014 под лупа, дошле до информации кои се навистина изненадувачки и отвораат низа прашања.

Таа потсети дека освен компјутерското рендер видео кое беше пуштено во 2010 за тоа како ќе изгледа центарот на Скопје, потоа имало многу малку информации за целиот проект, колку објекти ќе се градат, на кои локации. Токму затоа екипата на истражувачи потрошила 10 месеци во прибирање информации од општини, институции, јавни набавки за да дојдат до овие информации претставени во видеото.

„Базата на податоци се потпира исклучиво на документи. Од 40 промовирани објекти ние документираме 137 објекти и оваа база во моментот кога сме престанале да ја полниме достигнува вредност од 684 милиони евра. Тоа не значи дека тоа е сѐ, може да постојат договори и анекси до кои ние не сме успеале да дојдеме така што би рекла прилично сигурно е дека сумата може да биде поголема од ова.

Тука има колку згради, мостови, порта итн. Како што се гледа по овие распределби 62% од објектите се згради.  Во оваа база има вклучено документи од над 260 фирми и индивидуални автори.  „Бетон“ добива 1/3 малтене од проектот. Ова се потрошените јавни пари за ова имаше доста и прашања поставувани но ние по методологијата решивме да се држиме исклучиво до јавните пари, постојат објекти и делови кои беа претставувани како 2014 кои не беа од јавни пари, на пример „галиите“ и оние НВО скулптури кои ги поставуваа. Но ние се фокусиравме на потрошените јавни пари, а поединечно низ истражувања ги следевме другите објекти“, изјави Петрушева.

Базата на податоци беше оригинално објавено на годишнината на земјотресот во 2015 година.

Таа исто така обрна внимание на тоа колку зградите од проектот Скопје 2014 се неквалитетно изградени. „Во голем дел од тие згради кои беа изградени во рамките на овој проект, не функционираат и се неквалитетно изградени,  имаат проблеми како на пример нуспати поплавување во МНТ, иста е ситуацијата и прилилно трагична во зградата каде што се Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј.“

Горан Јанев

 

Горан Јанев, истакна дека проектот Скопје 2014 донел поделеност, подвоеност на бинационална држава и тоа е веројатно целта на етнократскиот поредок кој го живееме во Македонија.

„СДСМ ја испушти шансата во овие 7-8 години владеење да расчистат со тоа и да понудат нова платформа за поинакво имагинарно, за формирање на заедница во оваа земја. Остануваме оделени во етнички табори, тоа е исто многу добра алатка за владеење, многу стара, раздвои па владеј, загалвени во овие капиталистичко, неолиберални постидеолошки зандани во кои сме ведени на субјекти, етнички кои гласаат за своите етнички партии“, презентираше тој.

Понатаму тој истакна дека тие споменици остануваат да зрачат по својот национализам – поделба во градот и државата.

„Ниеден споменик не е легално поставен, бидејќи не можете да прогласите Александар Македонски за личност од локално значење, ако го викате „воин на коњ„ треба да сме сите ние коњи  и глупави  да сфатиме дека тоа не е Александар Македонски. Тој не е од локално значење, во општина Центар никако не прошетал веројатно, а тоа е споменик на општина Центар. Оттаму се нелегални во својата поставеност. Само со примена на прост легален механизам требаше да бидат сите отстранети. Зошто? Затоа што сега се дел од нашето секојдневие, реалност“, подвлече тој

На крајот резимираше: „На Македонија и се оневозможи иднина на здрава основа, дали ќе продолжи да опстојува е прашање на околности од надвор повеќе, бидејќи кохезивните сили внатре не успеавме да ги ангажираме. Така што, останува оваа раздвојувачка компонента во јавниот простор да ни ги боде очите на сите кои ја замислуваме Македонија поинаку, но тоа е што е. Ни останува да промислиме дали е можно … дека Скопје како европска престолнина 2028 би можело тоа го промавне. Не верувам. Мислам дека газиме во кал длабока и тешко ќе излезем од тоа, така што Скопје 2014 засекогаш како наша судбина е мојата песимистичка завршна мисла“.

Александра Тодоровиќ/ Трн.мк
Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Станица пропаганда“КолозовапропагандаСкопје 2014
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ