• Latest

Прогласена осумдневна вонредна состојба, институциите и партиите се подготвуваат за избори на 15 јули

June 16, 2020

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Прогласена осумдневна вонредна состојба, институциите и партиите се подготвуваат за избори на 15 јули

June 16, 2020 10:11
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Партискиот договор за одржување на предвремени парламентарни избори на 15 јули годинава, синоќа резултираше со прогласување нова вонредна состојба од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски во траење од осум дена. Следно што треба да се очекува е претседателот на Собранието Талат Џафери да потпише ново решение за одржување на изборите на 15 јули, што би можело да се случи уште денеска, а Државната изборна комисија потоа да донесе нов роковник за изборите.

Најголемите политички партии во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по речиси двомесечни напори вчера постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули. Предвремените парламентарни избори требаше да се одржат на 12 април, но по прогласувањето на првата вонредна состојба поради кризата со коронавирусот во март, со владина Уредба изборните дејствија беа прекинати.

Лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев вчера на прес-конференција соопшти дека е постигнат договор со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и оти тие отстапиле од својот првичен став изборите да се одржат на 5 јули, и се согласиле гласањето да биде десет дена подоцна на 15 јули. Изборниот ден за разлика од претходно ќе биде во среда, која ќе биде прогласена за неработен ден, а во понеделникот и во вторникот ќе можат да гласаат болните, вклучувајќи и оние со Ковид-19 и лицата во изолација и самоизолација, како и затворениците. Молкот ќе настапи на 12 јули, недела, на полноќ. До ова решение дојде по барање на опозициската партија која поради бројот на заболени од коронавирусот во земјата сакаше дополнителни здравствени протоколи и присуство на набљудувачката  мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Парламентарните избори во Северна Македонија ќе се одржат со мерки за заштита од ширење на коронавирусот, а изборниот ден ќе биде продолжен за два часа, и наместо во 19:00 гласачките места ќе бидат затворени во 21:00 часот.

Со постигнувањето на договорот меѓупартиските лидери за избори на 15 јули, се верува дека земјата ќе избегне уште една политичка криза, покрај здравствената и економската со која се соочува поради состојбите со коронавирусот. Северна Македонија функционира со техничка Влада која требаше да организира избори од февруари годинава, како и без Парламент кој се самораспушти поради изборите што требаше да се одржат на 12 април.

Во Северна Македонија од денеска има нова, петта, вонредна состојба која, како што објаснија од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски е со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите. Одлуката е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот на Република Северна Македонија, по поднесениот предлог од страна на Владата и е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година.

-Одлуката за прогласување на вонредна состојба се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на Корона вирусот прогласена од СЗО, стои во соопштението.

Вонредната состојба во времетраење од осум дена ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес, да се донесе решение за изборите од страна на претседателот на Собранието и изменет роковник од страна на ДИК за изборите на 15 јули. 

Претседателот Пендаровски очекува деновите од вонредната состојба да бидат искористени единствено да се донесат неопходните одлуки и протоколи за организирање и спроведување на изборите, со акцент на мерките за заштита на јавното здравје.

Очекувањата на шефот на државата се предвремените парламентарни избори да бидат фер, слободни и демократски, имајќи ја предвид евроатлантската перспектива на земјата.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски истакна дека постигнатиот договор е од исклучителен интерес за граѓаните и за перспективите на нашата земја. -Тоа е првиот чекор кон организацијата на инклузивни, фер и демократски избори по примерот на европските искуства кои треба да станат наша редовна пракса во иднина, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

Владата, лосочи тој, ќе ги обезбеди сите неопходни услови и во оваа кризна ситуација заради КОВИД-19 институциите да подготват и реализираат безбеден изборен процес од здравствен аспект.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски синоќа изјави дека откако ќе го добие решението за распишување на предвремените парламентарни избори од претседателот на Собранието, Комисијата ќе почне да го организира процесот со дејствија меѓу кои и ревидирање на Роковникот.

-Техничките активности веќе подолго време ги работиме. Имаме веќе испланирани дејствија за роковникот и штом ќе престане вонредната сопстојба ќе одржиме седница на која ќе го усвоиме формално Роковникот со кој ќе се предвидат останатите дејствија до денот на изборите, изјави Деркоски за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Од здравствените власти очекува протокол кој ДИК ќе го преточи во упатства и инструкции до избирачките одбори. Иако било објавувано дека постои таков протокол, рече тој, до ДИК стигнал само мејл со општопознати препораки за гласање.

-Едно е препорака – незадолжителен документ, а друго е протокол или правилник од кој произлегуваат права, обврски и одговорности. Значи, ние бараме таков документ во кој точно и прецизно ќе бидат наведени одредени постапки. Во она што го добивме на две страници како препораки премногу воопштено се објаснува постапката. Впрочем, тоа е она што секојдневно го слушаме, а не прецизно објаснето како ќе се гласа кај лицата кои се, на пример, во карантин, како ќе гласаат тие на домашно лекување, во изолација… Треба точно да биде објаснето. Нашите избирачки одбори не се ниту епидемиолози, ниту инфектолози за да можат точно да знаат како да се однесуваат, рече претседателот на ДИК.

Проблем со кој ќе се соочат е како да обезбедат соодветни места за гласање кои ќе бидат пристапни и пространи за да се испочитуваат мерките за заштита и да нема ризик од ширење на вирусот. Веќе проверувале, рече, кои гласачки места може со решение да бидат заменети со поголеми простории кои ќе може полесно да се проветрат и за да се обезбеди дистанца на луѓето. Со оглед дека изборите ќе бидат во лето, гласање може да има и на отворено, особено во места со мал број гласачи, но треба, рече Деркоски, да се внимава на тајноста на гласањето, а во училиштата ќе бидат искористени ходниците и спортските сали, таму каде што ги има.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека тие се целосно на располагање за соработка со ДИК за безбедно да се спроведат изборите.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има зголемен ризик од трансмисија на вирусот за учесниците во изборите, за гласачите и членовите на избирачките одбори, тој додаде и дека имало и ќе има состаноци на Комисијата за заразни болести и ДИК за да се решат сите отворени прашања, а предвиден е и протокол кој точно утврдува како да се спроведе процесот и што треба сите учесници да направат.

– Тој протокол е врз основа на медицински и епидемиолошки аргументи, а дистанцата, честата дезинфекција и заштитната маска се основни за кој било процес да го направат безбеден. Непочитувањето на мерките го зголемува бројот на заразени, истакна Филипче.

Посочи дека протокол ќе има и за членовите во избирачките одбори за кои основно е, исто така, носењето маски, заштитни ракавици и честа дезинфекција, како и за гласањето во домашни услови, нагласувајќи дека ниеден учесник во изборачкиот процес нема да биде доведен во ризик.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ