• Latest

Проколнатиот ден кога престанавме да бидеме ничија земја

April 8, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Проколнатиот ден кога престанавме да бидеме ничија земја

April 8, 2023 12:40
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Има денови кои додека сте живи се паметат, се разбира, ако не ве нападне Алцхајмер. Еден од тие денови кој во мојата таковина е проколнат и избришан од колективното памтење е денот кога престанавме да бидеме ничија земја, кога станавме призната држава. Наместо голем празник и сенародна радост 8 април 1993 година стана снеубавен, омрзнат ден на нашите вечни предавства, омрази и делби.

Денеска, (8 април) точно 30 години од приемот на Македонија за членка на Обединетите нации е пристојна временска и историска дистанца да погледнеме посмирено од еден друг агол, без „висок напон“, како овој ден, чиј непосреден сведок бев на местото на настанот, некои сѐ уште велат на „злосторството“, се претвори во предавство на националните и државни интереси. Нешто што многу потсетува на нашите денешни состојби на предавства, омрази и делби и по поминати три децении.

Вечерта на 7 април 1993 година, кога веќе беше донесена Резолуцијата 817 која ги отвараше вратите за прием на Македонија во ООН бев на 40 кат во хотелот „Плаза“ во Њујорок. Во пространата соба го грицкав заштитниот знак на главниот град на светот и од широките прозорци со детска љубопитност ги гледав облакодерите наредени како кибрити. Господе, си реков, јас сум во Њујорк, а утре е голем ден. Ќе бидам сведок на историски настан.

Нема ништо подобро и позначајно во оваа некогаш ценета професија од тоа да се известува од такви настани кои остануваат трајно во историјата на својата држава врежани длабоко во сеќавањата до најмалиот детал.

Низ њујоршките авении

За малку ќе се задавев од загризот во црвениот делишес кога покрај прозорецот прелета хеликоптер. Ми се виде многу близу. Го следев неговиот лет, кога наеднаш исчезна меѓу два облакодера. Првата помисла беше катастрофа. А, што може да помисли друго известувачот од центарот на Балканот кој тукушто стасал во престолнината на светот, освен дека се случи несреќа и дека хеликоптерот изгледа падна. Застанат скаменет во исчекување неколку минути, кога еве уште еден хеликоптер, кој „исчезна“ на истото место, па уште еден, и се разбира олеснителен и умен заклучок дека гледано од овој агол е исто како од трибините на градскиот стадион во Скопје кога ја гледаш топката во мрежата на противничкиот тим , а таа одлетала десетина метри покрај голот во аут.

Да, „умниот“ заклучок беше дека меѓу зградите има хелиодром каде што се спуштаат хеликоптерите. Што утредента се покажа како точно. Туристички тури кои го надлетуваат Њујорк. Сакав и тоа да го пробам, но утредента, имав многу поважна работа. Редакцијата на „Нова Македонија“ за големиот историски ден подготвуваше вонредно издание кое требаше да се одработи како приличи на важноста на приемот на независна Република Македонија во ООН и, се разбира, проработе најголемата новинарска болка како да се стаса на време и да биде поразлично од телевизискиот пренос што го обезбеди МРТ кој ќе го гледаат сите.

Во такви ситуации најдобро се чуствувам кога пешачам. Зошто да не и тука. Излегнав од хотелот и се втурнав низ њујоршките авении. Влетав во колоните луѓе и автомобили. Осуммилионскиот мегаполис не се преполнува, не претечува, како што не претечуваат морињата иако големите реки се вливаат во нив. Загледувам во луѓето кои сите до еден негде брзаат. Бели, црни, црвени, жолти, ги има од сите раси. Градот со жители колку четири Македонии распослан само на 1.200 квадратни километри пулсира како едно големо срце кое не престанува да работи. Тоа ми беше првиот впечаток во „големото јаболко“ каде трката не престанува. Има место за сите сонувачи на големиот сон да успеат во најконкурентниот град на светот. По полноќ се вратив во хотелот уморен и со неколку чаши виски во себе, но со добро расположение и со чувство дека кога би можел да бирам би живеел во Њујорк. Сигурно од вискито беше.

„Уаа предавник, браво претседателе!“

Утредента почна мојата трка со времето. Првата работа пред да влеземе во зградата на ООН да ја следиме исторската седница на Генералното собрание беше да се сними јарболот каде веќе се вееше македонското знаме и нормално за спомен и долго сеќавање да се сликаме. Тоа беше најлесната работа. Во зградата на ОН во големата сала на Генералното собрание од левата страна има една галерија каде обично седат новинарите кои ја следат работата, но и посетители, граѓани кои сакаат да присуствуваат на одреден настан, се разбира со претходна најава која треба да се одобри. Зазедов убаво место од каде имав преглед на целата сала и особено на бината. Со нетрпение ја чекав најавата на претседавачот да го повика претседателот Киро Глигоров. Го видов нашиот претседател како седи со делегацијата, а пред него табличка со некои букви кои тешко можеа да се прочитаат од таа далечина.

Кога го повикаа претседателот Глигоров не ја слушнав додавката ФИРОМ поради еден бизарен настан кој предизвика вознемиреност во галеријата, а веројатно и во самата сала на Генералното собрание. Човекот што седеше на неколку седишта зад мене почна силно да вика: „Уаа, предавник, предавник, ја издаде Македонија, уаа, предавник, уаа…“

Се стаписавме. И тука ли бре стаса нашето зло, нашиот примитивизам, баш сега при ваков чин. Ме изеде туѓиот срам. Не беше само туѓиот. Се срамевме сите. Безбедносните служби брзо и ненаметливо реагираа, направија некаков штит простум, свртени кон публиката. Но, не го отстранија изгредникот.

Претседателот Глигоров го одржа својот говор кој треба да се воведе во историските читанки во училиштата во Македонија. За прв пат од говорницата на ООН одекна македонскиот збор. Вековните стремежи на македонскиот народ за своја самостојна независна држава од Илинден до антифашистичката борба и АСНОМ, до референмдумското изјаснување на граѓаните на Македонија и до прогласување на независноста беа главната порака од историскиот говор на претседателот на Македонија. Одекна громогласен аплауз.

Ракоплескаме сите, ракоплескаше и човекот зад мене кој само пред десетина минути извикуваше „Уаа предавник“. Сега вика: „Браво претседателе, да живее Македонија“. Го гледам вчудоневиден. Му пријдов со зборовите – „Човече, што ти се случува, што направи“.

„Ништо“, рече, „мајката нивна… ме излажаа овие од Скопје, ми кажаа дека се подготвува големо предавство. Ништо од тоа. Си кажа претседателот сѐ што треба“.

Ми кажа човекот дека некогаш бил адвокат, но ја напуштил Македонија поради, како рече, несогласување и проблеми со комунистичкиот режим. Го поканив вечерта да дојде на скромниот прием во хотелот „Плаза“. Човекот навистина дојде и беше пресреќен. Се запозна со претседателот.

Ги подготвив опширните извештаи за вонредното и редовното издание на „Нова Македонија“ и некако стасав на величенствениот прием што утредента го приреди во прочуениот хотел „Валдорф Асторија“ познатиот македонски деловен човек Ристо Гушетров. Беше тоа една многу пријатна вечера.

Колку беше лошо временото име ПЈРМ?

Кога се вративме за неколку дена почна да се тркала лавината со името ПЈРМ. Таа времена референца уриваше сѐ пред себе. Стана толку навредлива што мислам дека не постоеше ниту еден човек, јавна личност, или медиум кој би можел такво нешто да прифати. Невладините организации направија цело движење, протесни маршеви под мотото „не ме фиромирај“. Претседателот Глигоров на повеќе пати се обидуваше да ја смири ситуацијата јавно образложувајќи дека тоа е само привремена референца и дека останува негибнато уставното име на државата. Навредливото име со додавка на Југославија која се распадна се прифати поради значењето на членството во ООН и престанокот да се биде ничија територија, факт што имаше клучна улога во безбедноста и опстанокот на државта.

Гледано од денешен аспект, анулирајќи го тогашниот амбиент и вжештена атмосфера, може ли да се каже дека таа позиција на Македонија беше и најдобра и најблиска до посакуваното решение да се сочува уставното име и да се остварат стратегиските државни интереси со членство во НАТО и во ЕУ во периодот до 2005, или најдоцна до 2008 година.

Втората многу позначајна работа која ја игнориравме сите беше фактот што Грција се согласи дека Поранешната југословенска Репблика Македонија со тоа име може да стане членка на НАТО и на ЕУ и на сите меѓународни сојузи. Прогнозите беа реални дека како лидер во регионот, од поранешните југословенски републики Македонија како ПЈРМ ќе беше членка на НАТО и на ЕУ меѓу првите и тоа во периодот од 2005 година, најдоцна до 2008 година.

Клучното прашање ако Македонија годинава одбележуваше 32 години од независноста, 30 години од членството во ООН, 15 или 18 години од членството во НАТО и во ЕУ, многу веројатно дека веќе ќе беше и членка на Шенген зоната со изградена инфраструктура и одминати реформски процеси, дали денес, или можеби уште пред неколку години некој ќе можеше да ја спречи Република Македонија да си го врати уставното име во редовна процедура во ООН и дали некого воопшто во такви околности ќе го вознемираше таквиот чин.

Тоа беше реалност која не можевме да ја видиме избезумени од вековната пропаганда за предавствата, за навредата на достоинството, гордоста, за свитканиот ‘рбет, за сиот свет против нас. Тоа го потврди и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, кога во Загреб на преседателот на државата Бранко Црвенковски и на премиерот Никола Груевски им кажа дека во политиката нема вечни решенија. И во таа 2008 година се испушти една од големите шанси. Блиску е до здравиот разум дека ако Глигоров се вратеше од Њујорк со незавршена работа кај нас уште ќе траеа расправите за членство во ООН како што и денес траат расправите за членство во ЕУ.

Кратката дистанца само по пет-шест години од големото „предавство“ со склучувањето на Преспанскиот договор со Грција откако легнаа работите и превладеа реалноста покажува колку би биле оправдани одлуките ако храбро беа донесени многу порано. Истото ќе биде и со Бугарија. Само што Македонија веќе изгуби цели 20 години и неколку генерации во одбрана на достоинството, гордоста, националниот идентитет, името на државата, знамето, јазикот, автокефалноста на црквата… Ништо од тоа не изгуби Македонија. Ниту своите идентитетски посебности, ниту името Македонија, ниту јазикот, ниту верата. Изгуби две златни децении и неколку генерации со добра изгледност да изгубиме уште 20 години во одбрана на тоа што никој не може да ни го земе. Ах, да доби нови количини на омраза и делби и добро одржување на огнот, за големите предавства, кој никогаш не згасна.

Извор: Рацин.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ерол РизаовМакедонијаничија земјаОНчленство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ