• Latest

Проект „Македонија“

April 28, 2018
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Проект „Македонија“

April 28, 2018 16:26
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе ја согледаме ли конечно целата слика, на која секогаш ќе има детаљ и за Македонија, шарена, здружена, вклучена,  почиста држава која ги почитува и својата традиција и европските вредности, и целиот миш-маш од нации, религии, идеологии, определби…?

Пишува: Синиша Станковиќ

Нечиста држава

(Проект 1: Зелени и европски вредности. Траење: Сè додека странците не нè заплакнат, да нè дезинфицираат, за да ни дозволат да им се приближиме… )

Секојдневно нè резилат дипломатски претставници, кои порачуваат дека државата ни, која оздола можеби е и убава, не се гледа, ваква затрупана во ѓубре и шут… Амбасадорите ни порачуваат дека се загубиле во прошетките низ „вечната ни, ем библиска Татковина“ – поради сметот, ни организираат акции за чистење на Кејот на Вардар во Скопје, на Стража, на Матка, на Водно, на Козјак…, пари ни даваат за проекти за заштита на животната средина, а сите нормални луѓе во државичево ни загадено, онака ептен еколошки, позеленуваат од мака. И се вцрвуваат од срам.

Екологија? Не вирее тоа во Македонија. Загадената…

Држава речиси без индустрија, ама со загадени реки и езера, со криминалци кои го жртвуваат и последниот ѝ квадратен метар зеленило, со паланки кои влегуваат во сите листи на градови (оние вистинските, со централно греење на гас и со по стотици илјади урбанизирани жители) со највисоко аерозагадување во светот и со илјадници болни кои ги измачуваат алергии, астма, хронични белодробни опструкции…, со отруена почва за следните десетлетија и со тони натрупани хемикалии, ѓоа скриени со пласт земја среде престолнината, со…

Македонија со едно чудо маани… Ама, без надеж, барем засега, да ги прифати „зелените“ европски вредности…

 

Пораз на шампионите

 (Проект 2: Демонтажа на националистичките наративи… Траење: Без можности за определување прецизен рок..)

„Шкендија“ е фудбалски шампион на Македонија! И тамам, човек да помисли дека се навестува времето кога и еден „албански“ клуб, сосема нормално, ќе биде првак (и, за жал, како и другите, „македонски“ клубови, барем краткотрајно ќе ја претставува Македонија во Европа, во квалификациите за играње со големите клубови), играчите на „Шкендија“ збеснале во соблекувалната. И, врескајќи од адреналинот и победничкиот занес, му порачувале на поразениот соперник – „Вардар“ дека го качиле / ќе го качат – на полниот орган!

Тажна ли е Македонија, за грев!

Држава во која и славјето е во стилот на сеирење оти цркнала на комшијата козата, откако го изела фрлениот отров преку тарабата… И да се само тоа – фудбалерите и навивачките групи, за кои само мртов – „поинаков“, е добар… Едно чудо забегани содржавјани, од сите националности, ни се – за чиста држава! Во која сите ќе си бидат исти, едни демек, ист воздух ќе си дишат (загаден) сите роднини, од иста вера и крв, на иста (загадена) почва, затруена од отрови и со гнасотилаци покриена, ама нивна, демек, чиста, исплакната од оние „поинаквите“, различните, кои не требале ни да дојдат оттаму, од каде што дошле… И во која, така чиста, ќе си се мразат меѓусебно, од дното на душата, и ќе се колнат и пцујат на својот јазик… Во име на својот бог, својата крв, своите чисти и ексклузивни претци… Ќе ги трујат козите на првите комшии. И ќе се ситат. И победите, наместо гордо и достоинствено како вистински шампиони, ќе ги прославуваат како мали човечулиња, ситни души, лузери по дифолт…

Грда слика во напукнатата рамка

(Проект 3: Инклузивност… Траење:  Сè додека не ја согледаме целата слика, на која сите сме толку мали и исклучени…)

Над 1.600 партиски правоверници, селектирани според „заслугите“, си биле на еднодецениски одмор, платени од државата, која,  добро – под меѓународен притисок ама, и поради недоветност на едноумната политичка „елита“ (откако не сакаше сите навистина да бидеме еднакви, и со рамноправни шанси, низ натпревари во кои ќе победуваат најдобрите и наједуцираните да се докажуваме, дури и со кундаци спречуваше отворање на универзитет на албански јазик, за потоа, широкоградо да дозволи отворање на квазиуниверзитети, најпрвин на албански, ама потоа, и на македонски, во секоја поголема населба на релација село-паланка-гратче, во кои, дебелината на ковертот ја определува/ше брзината на стекнувањето на факултетската, магистерската или докторската диплома) напика од ракав извадени проценти, во демек – договорените рамки… Па, и во закон и Устав, без попис, за потоа, да не знае што да прави со последиците и да измислува и сектор за спроведување на утката, поради која никој сега и не смее да организира вистински попис… Сектор, во кој се тепаа за столче и за тоалет хартија…

Македонија, исклучена…

Македонското општество, за жал, нема „и“ од инклузивност. Го истоштуваат фобии. Треска го тресе… Вулгарниот грабеж што над една деценија се закануваше да ја дотолчи девастираната држава, го наследи недугавост на халуционеген его-трип… ОК, неспоредливи се криминалот и лудилото на претходната власт, со досегашната неспособност на новата. Не се сите исти! Скраја да е.  Ама..

Додека копја се кршат околу – во утнат тајминг и сосема непотребно, на мускули донесениот – закон за употреба на албанскиот јазик (како што би требало да се вика, без еуфемизми), јазикот на омраза станува повторно – службен јазик во мултикултурната, мултилингвална, мултинационална и мултиконфесионална Македонија… ‘Бати среќата! Нема шанси во догледно време, во антагонизираната и крајно исклучива Македонија, да дојдат на дневен ред за обид за нивно разбирање и вклучување, вистинските маргиналци во општеството…  Уште долго ќе си ги вадиме очите околу нациите и религиите… И за вината за исклученоста од светските текови, и за загаденоста, и за крпењето и доградувањето (наместо демонтажата или багер-варијантата за шовинистичките наративи) на разните заглупувачки, стиропорни дивоградби…

Додека не се свестиме и не прогледаме…

 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: аерозагаденостзакон за јазициинклузивностнационалистички наративотпадпописУставшампионишут
Share69Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ