Германската војска планира да инвестира во борбени беспилотни летала, соопштија во четвртокот извори во Министерството за одбрана, пренесува ДПА.
Договорите треба да бидат потпишани во наредните денови, велат изворите, додавајќи дека војската планира првично да купи мали количества беспилотни летала од најмалку два неименувани производители за да можат војниците да стекнат искуство со нивно користење.
Делумно автономните беспилотни летала за напад се опремени со експлозиви и се нарекуваат „лутачка муниција“.
Бидејќи тие можат да се користат за единечни напади, понекогаш се познати како дронови – камикази.
Во последниве години, Германија многу заостанува зад другите земји во областа на одбранбената технологија, но голем број компании сега се активни на ова поле. Меѓу нив е и Хелсинг, кој го разви дронот HX-2, првично за употреба во Украина. Дронот користи вештачка интелигенција за да насочи експлозивни полнења кон целта и е помалку подложен на заглавување.
Хелсинг неодамна се залагаше за брз развој на веродостојно конвенционално одвраќање на источното крило на НАТО користејќи нови видови борбени беспилотни летала.
Министерството за одбрана верува дека беспилотните летала станале „вистински менувач на играта“ во модерното војување, слично на развојот на тенковите пред 100 години.
Технологијата може да биде одлучувачка во одредени битки, дури и ако оружјето не може да го одреди исходот на цела војна.
М. Д.