• Latest

Промовиран нов систем за тестирање на знаењето на англискиот јазик СТАНАГ за припадниците во Армијата и одбраната

March 15, 2021

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Промовиран нов систем за тестирање на знаењето на англискиот јазик СТАНАГ за припадниците во Армијата и одбраната

March 15, 2021 13:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ во скопската касарна „Гоце Делчев, денеска во присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска беше промовиран новиот софтвер за тестирање на знаењата на припадниците на Армијата и вработените во одбраната на англискиот јазик, согласно НАТО стандардот, СТАНАГ.

Како што нагласи Алкмина Димова Стоименова од СТАНАГ, од овој месец започнува официјалната употреба на компјутерскиот софтвер за тестирање по англиски јазик, со што ќе се овозможи сертифицирање поголем број персонал со соодветно ниво на познавање на англискиот јазик. Со тоа, истакна, ќе се придонесе кон исполнување на веќе поставените способности и побарување од НАТО, со што нашата држава ќе стане што повеќе компатибилна и интеоперативна во доменот на владеењето на англискиот јазик. За регулирање на овој нов компјутерски начин на тестирања, Димова Стоименова појасни дека претходело изработка и донесување ново упатство за начинот на постапување на специјалистите за јазично тестирање, како и изработка на нови насоки за компјутерско полагање, што сите вработени имаат можност да ги прочитаат на  веб страниците на МО и на Армијата и подетално да се запознаат со правилата и процедурите за компјутерското полагање.

За Армијата и за одбраната познавањето на, пред се англискиот јазик, потенцира министерката Шекеринска, е една од способностите што мораме да ја гарантираме како членка на НАТО. Голем дел од нашите офицери, старешини и војници, учествувале и ќе учествуваат во НАТО операции, а еден дел од нив, рече таа, ќе работат во командите на НАТО, во центрите за обука и на различни други задачи кои подразбираат високо познавање на англискиот јазик. Преку веб страницата на МО и на Армијата со овој софтвер им се дава шанса на сите оние кои планираат да се тестираат за СТАНАГ, самите да го проверат своето познавање на англискиот јазик.

–  Високото познавање на англискиот јазик, мора да биде правило, кое сите ќе го почитуваат, Не случајно во Законот за служба во Армијата воведовме правило според кое секое унапредување од мајор па нагоре, ќе има и дополнителен услов, а тоа е повисок степен на познавање на англискиот јазик, изјави Шекеринска, истакнувајќи дека бројот на тестирани секоја година ќе расте, а стандардите ќе бидат се повисоки.

Додаде дека и оние кои секој ден ќе работат во Армијата и во одбраната, голем дел од нивната задача ќе биде комуникација со НАТО колегите и затоа познавањето пред се на англискиот јазик, што е доминантен НАТО јазик присутен во Армијата на РС Македонија, е услов без кој не се може.

– Како институција не сакаме само да ги подигнеме стандардите, туку и да им помогнеме на сите припадници на Армијата и вработените во МО да ги постигнат тие стандарди. Јазикот е средство за комуникација, јазикот ќе биде и оценка на нашата способност, интероперабилност, меѓутоа јазикот е и област во која како Армија и како Министерство покажавме дека вложуваме, изјави меѓу другото Шекеринска.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ