• Latest
epa09812972 Residents cross the destroyed bridge as they flee from the frontline town of Irpin, Kyiv (Kiev) region, Ukraine, 09 March 2022. Irpin, the town which is located near Kyiv city had heavy fightings for almost a week between Ukrainian and Russian militaries forcing thousands of people to escape from the town.  EPA-EFE/MIKHAIL PALINCHAK

Пропаднаа преговорите за прекин на огнот во Украина, руската пропаганда негира дека се убиваат цивили, лебот, зејтинот и брашното по набавна цена

March 10, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пропаднаа преговорите за прекин на огнот во Украина, руската пропаганда негира дека се убиваат цивили, лебот, зејтинот и брашното по набавна цена

March 10, 2022 16:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
epa09812972 Residents cross the destroyed bridge as they flee from the frontline town of Irpin, Kyiv (Kiev) region, Ukraine, 09 March 2022. Irpin, the town which is located near Kyiv city had heavy fightings for almost a week between Ukrainian and Russian militaries forcing thousands of people to escape from the town.  EPA-EFE/MIKHAIL PALINCHAK

epa09812972 Residents cross the destroyed bridge as they flee from the frontline town of Irpin, Kyiv (Kiev) region, Ukraine, 09 March 2022. Irpin, the town which is located near Kyiv city had heavy fightings for almost a week between Ukrainian and Russian militaries forcing thousands of people to escape from the town. EPA-EFE/MIKHAIL PALINCHAK

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Разговорите Русија-Украина завршија без напредок за прекин на огнот

Средбата меѓу украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Турција заврши без постигнат договор за хуманитарни коридори или прекин на огнот.

Кулеба рече дека ја покренал можноста за воспоставување хуманитарен коридор за да им се овозможи на цивилите да избегаат од опколениот град Мариупол, но „за жал министерот Лавров не бил во позиција да се посвети на тоа“.

На прес-конференцијата по состанокот што траеше час и половина, Кулеба рече дека 24-часовен прекин на огнот, исто така бил покренат со цел „да се решат најитните хуманитарни прашања“, но тој рече дека тие „не постигнале напредок“ по ова прашање „бидејќи се чини дека постојат други носители на одлуки за ова прашање во Русија“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Војчех Бакун, градоначалник на полски град кој граничи со Украина, јавно го критикуваше Матео Салвини, лидерот на италијанската десничарска партија Северна Лига, на заедничката прес-конференција, нудејќи му да го однесе до границата и до бегалскиот центар „за да види што направи неговиот пријател Путин“.

Градоначалникот извади маица од јакната на која се гледаше лицето на Владимир Путин и зборовите: „Русска армија“. Маичката беше слична на онаа што Салвини ја носеше јавно во минатото. Бакун на крајот на англиски рече: „Нема почит за тебе“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати по за последните случувања во Украина по вчерашните руски воени дејствувања:

„Синоќа се појавија информации за жртвите од вчерашното бомбардирање на породилиште и детска болница во Мариупол. Изгубивме три лица, меѓу кои едно дете, девојче. Бројот на повредени изнесува 17. Станува збор за деца, жени, медицински работници. Знаете, оваа тема беше спомната на руската телевизија. Таа беше кај нив на ток-шоу. Но, ниту збор вистина не беше изустен.

Новинарката од Минск, Белорусија, Хана Лиубакова, на твитер објави видео во информира за создавање белоруски батаљон во Украина за одбрана на Киев.

Во Украина, Белорусите создадоа посебен баталјон наречен по Кастус Калинуски за да го бранат Киев. Според нив, повеќе од 200 Белоруси се приклучиле на територијалната одбрана на Украина, уште 300 имаат намера да заминат во Украина. #Белорусија, објави Лиубакова.

Според информацијата што ја споделува британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на разузнувачки извори, искусни платеници од приватни руски компании најверојатно се веќе во Украина и помагаат во поддршката на инвазијата, пренесува Скај Њуз.

Дописниците на Си Ен Ен, Андерсон Купер од Лвов и Ник Патон Волш од Одеса известуваат во живо за настаните во  Украина за сите тажни слики што ги виделе за време на трите недели од руската агресија врз Украина. Двајцата дописници, снимките од гранатирањето на породилиштето во Мариопул ги опишуваат како едни од  најужасните слики што ги виделе. Тие ги опишуваат сликите од погодената болница и породилиште како хаотични и застрашувачки, додека бремени жени и деца бараат спас од руските напади низ урнатините, низ скршените прозорци  и купиштата шут, несебично, ризикувајќи го својот живот, им помагаат сограѓани и членови на милицијата.

Руските цели не вклучуваат соборување на актуелната влада во Украина, ова е најновото тврдење на Директорката на Одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација Марија Захарова на брифинг, цитирана од „Интерфакс“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

УСЛОВНА Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и две други обвинети лица денеска признаа вина во судскиот процес „Дизајн“ којшто се води за набавката на кинеските автобуси „Јутонг“ за ЈСП-Скопје во периодот од владеење на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува новинската агенција Мета.

Во случајот „Дизајн“ како обвинето лице е и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој на денешното рочиште од судскиот процес изјавил дека не чувствува вина, не го разбира обвинението и се изјаснил за невин. Судскиот процес за него ќе продолжи со ново судско рочиште што ќе се одржи на 28 март.

ИНТЕГРАЦИИ На ист начин како што Германија најде мир исклучиво во Европската унија по 1945 година, „така и нам ни требаат сите шест земји од Западен Балкан да бидат во ЕУ за траен мир на нашиот континент“. Пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија сега мора конечно да се реализираат, порачува во авторски текст германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

САНКЦИИ Советот денеска одлучи да воведе рестриктивни мерки за дополнителни 160 лица во однос на тековната неоправдана и неиспровоцирана руска воена агресија против Украина и дејствија што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, се вели во соопштението објавено на веб-страница на Советот на Европската Унија.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) со повеќе комеморативни настани во Скопје, Битола и Штип, од денеска до 14 март ќе одбележат 79 години од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година биле собрани од нивните домови и потоа депортирани во логорот на смртта Треблинка, пренесува МИА.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Денес налетав на една констатација, дека поради војната се испостави дека во Украина не постои понежниот пол. Верувам, дека и жените во Македонија имаат сила да ја докажат својата еднаквост со мажите, но од се срце посакувам никогаш да не бидат принудени да го сторат тоа така како што денес го прават украинските жени!, вели Тамила Велкоска, претставничка на украинската заедница во Северна Македонија на панелот на ЦИВИЛ „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“,како дел од серијата под заеднички наслов „Во фокусот на ЦИВИЛ“.

Мене ми се допаѓа Меѓународниот ден на жената, но она што недоставува е токму тој меѓународен аспект на солидарноста, каде што ќе излеземе од границите на нашата држава, во границите на тоа која жена заслужува да биде заштитена, која заслужува да добие внимание и права, изјави Мерсиха Смаиловиќ од Легис, на панелот „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“.

Целосно сме задоволни со она што е постигнато во одредени сегменти на општественото живеење и во развојот на мислата, на разбивањето на стереотипите, пред сè меѓу нас самите, кај нашите партнери и во општеството и институциите во државата, изјави Савка Тодоровска од СОЖМ, на панелот на ЦИВИЛ  „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“.

Самите почетоци на „Една може“ се потпираат на можноста да бидам дел од ЦИВИЛ“, нагласи Дороти Пачкова од „Една може“ на почетокот на своето излагање на панелот „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски

„Во едно интервју, ни заштеди господинот Баздникин барем една недела конзумирање на Раша Тудеј и Спутник. И воопшто не погрешив кога вчера напишав дека се работи за искусен и интелигентен дипломат кој – за разлика од многу негови западни колеги кога овде даваат интервјуа – можете да го обвините за повеќе работи, но не и дека е здодевен. Макар и кога, по ред, си ги чита подготвените телевизиски одговори, од што со своите точни прашања не успеа да го „изремети“ ни колегата Кузмановски кој го водеше разговорот“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Расприкажаниот, а сепак осамен, руски амбасадор во Скопје“.

Дмитро Кулеба

„Војната од големи размери на Русија против Украина трае речиси две недели. Руските трупи продолжуваат да вршат варварски воени злосторства и злосторства против човештвото во размери кои Европа не ги видела од Втората светска војна. Тие бомбардираат станбени области во градовите со воздушни бомби од 500 килограми, лансираат крстосувачки ракети врз цивилната критична инфраструктура и спречуваат евакуација на луѓето од опколените градови. Украинците со денови не можат да излезат од подрумите поради гранатирање и закана од убиство. Пресретнавме многу повици на руски војници од Украина. Тие им се јавуваат на своите сопруги, им кажуваат како се пука во цивили и ветуваат дека ќе донесат дома сосема нов телевизор во дневната соба и блендер во кујната, украдени од украинските продавници“, пишува Дмитро Кулеба, министерот за надворешни работи за Украина во колумната „Моментот на избор за Германија“.

Сотир Габелоски

„Јавните настапи, демонстрираното херојство и некршливоста која ја покажува Володомир Зеленски, претседателот на Украина, станува пример за многу млади и идни политичари. Ако младите политичари во најава од Европа земаа примери и се трудеа да ги имитираат дел од западните лидери, Барак Обама, Ангела Меркел или пак на Владимир Путин, денес Зеленски станува еден рол модел која може да ја структуира иднината на многу млади инволвирани во политика“, пишува Сотир Габелоски во блицот „Зеленски е новиот „рол модел“ во европската политика“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ