• Latest

ЦИВИЛ за еднаквоста на жените со Тодоровска, Велковска, Пачкова и Смаиловиќ

March 9, 2022

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

ЦИВИЛ за еднаквоста на жените со Тодоровска, Велковска, Пачкова и Смаиловиќ

March 9, 2022 13:40
in ГРАЃАНСКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е јавниот настант на ЦИВИЛ „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“, дел од серијата под заеднички наслов „Во фокусот на ЦИВИЛ“. Учесници на панелот се г-ѓа Савка Тодоровска од СОЖМ, Тамила Велковска претставничка на украинската заедница во РСМ, Дороти Пачкова од „Една може“, и Мерсиха Смаиловиќ од Легис.

Панелот е посветен на прашања за институционалниот, државниот и општествениот однос за правата на жените,  еднаквоста на жените и нејзиниот декларативен статус, како и причините, дејствијата и можните решенија кога станува збор за статусот на жената во општествено-политичките дискурси.

Тамила Велковска претставничка на украинската заедница во РСМ

Жените се дел од украинската војска од 1993 година. Нивната улога се прошири кога Русија го диктираше Крим. Им беше дозволено да бидат дел од вооружените сили, но беа дел и од другите борбени специјалности, снајперисти, дел од тимот во оклопни возила… Според податоците од 2020 година повеќе од 30 илјади жени учествувале како дел од вооружените сили заклучно со март 2021 кога тој процент беше над 22%. За споредба со американската војска кој има нешто повеќе од 14%.

Типично за украинската жена е што таа многу лесно се транформира, од кујна до следниот ден ако има потреба многу лесно застанува во првата борбена линија.

„Од почеток на војната безброј Украинки доброволно се пријавија да служат во првите борбени линии. Илјадници жени сега во моментот кога разговараме, не само што се борат со окупаторите туку изнесуваат ранети, се грижат во болниците, приготвуваат храна, се убедуваат да ги утешат децата, да ги изнесат луѓето од окупираните територии. За мене не се херои само тие жени, туку и тие што се низ целиот свет кои се обидувааат на секој начин да пружат помош, организираат сместување на бегалци и Украинци што од секаде во светот собираат хуманитарна помош, организраат протести…“, додаде Велковска.

„Нашиот отпор има неверојатно женско лице“, вели Велковска.

„Самите почетоци на „Една може“ се потпираат на можност да бидам дел од ЦИВИЛ“, нагласи Дороти Пачкова од „Една може“ на почетокот на своето излагање.

Дороти Пачкова:

Положбата на жената е незавидна, по 6 години на „ Една може“, можеме да кажаме дека влијанието го гледам токму во менување на јавната свест и во перцепциите во однос на самохраните родители. Ако на нашите почетоци бевме ословувани како канцер на општеството и бевме опасни по живот, не упатуваа многу често дури и во јавниот простор да си седиме дома, да си молчиме и да веднеме глава, сега ја имаме поддршката од сите медиуми, кои на некој начин, дури и ја хероизираат работата на една самохрана мајка.

„Во одонос на препораки она што „ Една може“ постојано го зборува и лобира се квоти. Само кога има квоти за жените од ранливи и маргинализирани категории, на пократки стази, со цел да ги демаргинализираме. Тоа се вика позитивна дискриминација и е алтка која многу европски земји ја користат токму за да ги извлечат различните категории на граѓанки и граѓани од независните позиции во кои се наоѓаат„ додаде Пачкова.

Савка Тодоровска од СОЖМ

Целосно сме задоволно со она што е постигнато во одредени сегменти на општественото живеење и во развојот на мислата, на разбивањето на стереотипите, пред сè меѓу нас самите, кај нашите партнери и во општеството и институциите во државата.

„Ние жените на локално ниво ги бележиме потребите на жените, ги спроведуваме активностите, ја гледаме големата слика и стануваме ветер во грб на самите нас и на институциите кои треба да ги донесат законите и да ги спроведат во акција ситео ние барања за коишто треба да се постигне рамноправност мѓу жените и мажите во нашето општество на сите нивоа“, додаде Тодоровска.

Савка Тодоровска

Не можеме да бегаме од една реалност дека сите позции на жената е по партиска линија, освен нели во семејството. Тоа не можеме да го измениме, но можеме да влијаеме на жените во политиката да бидат активни, да бидат вредни, да не бидат „скромни“, да се поставуваат, да бараат да лобираат за позиции коишто сметаат дека можат да ги зевземат.

 

Мерсиха Смаиловиќ, Легис

Мене ми се допаѓа Меѓународниот ден на жената ,но она што недоставува е токму тој меѓународен аспект на солидарноста, каде што ќе излеземе од границите на наштата држава, во границите на тоа која жена заслужува да биде заштитена, која заслужува да добие внимание и права. Мене ми е многу драго што ЦИВИЛ како простор е секогаш тука за нас, посебно за мене да можам да се изразам дали преку пиашниот збор, дали преку дебати и силно да го кренам гласот за една од најраниливите категорија на жени во нашата држава, тоа се жените мигрантки и бегалки.

„Меѓународниот ден на жената значи да се излезе од границите на тоа што ние го сфаќаме. Еднаш во колуна објавена на ЦИВИЛ дека феминизмот не припаѓа само на белата жена и дека другите жени го немаат истиот пристап, ниту можност за еднаква, силна, борба каква што е за нас… Жената бегалка во Македонија е постојано настрана од рефлекторите“, додаде Смаиловиќ.

Серијата настани „Во фокус“ се дел од активностите на ЦИВИЛ што се поддржани од програмата Цивика Мобилитас, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ