Победата на украинската песна „Стефанија“ на годинешниов Евросонг предизвика различни реакции од публиката ширум земјава. Покрај искрените честитки за освоеното прво место, по социјалните мрежи може да се прочитаат коментари полни со говор на омраза и со пропагандна тенденција.
Победата на Украинците во воени услови се поистоветува со „европското политичко лицемерие“, „однапред договорена победа“, „со Евросонг против Путин“, а Евросонг се квалификува како политика од најдолен ранг, а најчестите коментари, не само кај нас, се дека Украина на Евросонг победи заради војната, односно, дека публиката гласала за песната „Стефанија“ за да покаже солидарност со украинскиот народ.
Украинскиот бенд „Калуш“ со песната „Стефанија“ доби вкупно 631 поен, од кои 439 беа од европската и австралиската публика.
Д.Т.