• Latest

Протестен марш во Приштина на годишнината од смртта на активист на Самоопределување

November 5, 2019

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Протестен марш во Приштина на годишнината од смртта на активист на Самоопределување

November 5, 2019 15:46
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Голем протестен марш се одржа денеска во Приштина по повод годишнината од смртта на активистот на Движењето Самоопределување (ВВ), Астрит Дехари, кој под се уште неразјаснети околности почина на денешен ден пред три години во истражниот затвор во Призрен, јави дописникот на МИА од Приштина.

На крајот од маршот, кој заврши пред зградата на Обвинителството на Косово, беше побарано расветлување на околностите во кои го загуби животот тогаш 26-годишниот Астрит и одговорност за тогашните надлежни авторитети кои, според ВВ и семејството Дехари, оневозможија да се открие вистинската причина за неговата смрт.

Астрит Дехари почина  во притворското одделение на затворот во Призрен на 5 ноември 2016 година, каде што се наоѓаше откако 68 дена порано беше приведен, заедно со уште петмина активисти на ВВ, осомничени за кривично дело „тероризам“, откако на 4 август истата година беше испукана граната од рачен фрлач на зградата на Собранието на Косово.

Апсолвентот на Медицинскиот факултет во Приштина, чие семејство е по потекло од Куманово, беше пронајден мртов во неговата ќелија, во време додека останатите затвореници биле во попладневна прошетка.

Правосудните органи на Косово излегоа со официјален извештај, по извршена аутопсија, дека станува збор за самоубиство, кое тој наводно го извршил со тврд предмет, односно со пластично шише за мед кое самиот си го набил длабоко во грлото. Во ваквото објаснување се посомневаа ВВ, семејството на Дехари и нивниот адвокат, како и повеќе граѓански здруженија, по што наодите беа испратени во швајцарскиот Институт за судска медицина во Лозана.

Во експертизата од Лозана, кој стаса пред две недели, се нагласува дека е „малку веројатно“ дека станува збор за самоубиство и дека мора да се земе предвид можноста Астрит Дехари да бил убиен.

– Како што се наведува во нашиот експертски наод (…), имаме сомнежи кога е во прашање смртта на господинот Дехари Астрит. Хипотезата за самоубиство на господинот Дехари Астрит, со помош на одредени средства, која ја констатираа лекари на судската медицина, се чини малку веројатна и треба да се има на ум интервенцијата на трето лице во овој настан со фатален исход, се вели меѓудругото во експертизата на 58 страници од Лозана.

По ова, главниот обвинител на Косово наложи продолжување на истрагата за смртта на Дехари, која ја ќе ја води Специјалното обвинителство.

Лидерот на ВВ Албин Курти, кој се очекува да го добие мандатот за формирање на новата косовска Влада, на крајот од денешниот протестен марш најави дека новите косовски власти ќе спроведат „нова, независна, професионална и меѓународна истрага“, а веднаш по конституирањето на Собранието ќе се формира и парламентарна комисија за расветлување на случајот.

– Три години без Астрит се многу, а три години без правда за Астрит се премногу. Бевме потресени тој ден кога го уапсија Астрит на 29 август 2016 година, кога го обвинија без обвинителен акт, кога го држеа во затвор без да го испрашаат и премногу се потресовме кога ни рекоа дека нема да го видиме веќе. Астрит е името на трагедијата на студентот по медицина и активистот на Самоопределување, но Астрит е и името на неправдата врз граѓаните на Републиката и совесните луѓе. Во ќелијата А3 на призренскиот затвор, каде што и самиот бев пред 12 години, убија еден невин човек, рече Курти.

Во првиот ред на протестот под мотото „Правда за Астрит“, покрај Курти и членовите на семејството Дехари, се наоѓаше и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, а учествуваа и други личности од Северна Македонија.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ