• Latest

Протести ширум светот со осуда за насилството врз жените

November 25, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Протести ширум светот со осуда за насилството врз жените

November 25, 2023 20:52
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците ширум светот за да го осудат насилството врз жените на Меѓународниот ден за спречување на насилство врз жените, прогласен од ОН, објавија западните медиуми.

„Родовото насилство продолжува да им нанесува болка и неправда на многумина. Се проценува дека една од три жени на глобално ниво доживува физичко насилство, силување или следење во одреден момент од нивниот живот. Тоа е недозволиво“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Според него, често во областите на конфликт „безброј жени и девојки страдаат од рацете на сторителите кои вршат родово насилство и силуваат, користејќи ги како оружје за војна. Знаеме што е во прашање: секогаш и секаде каде што жените и девојките се под закана, исто така под закана е и мирот и стабилноста“.

Демонстрантите синоќа во Гватемала започнаа комеморации, запалија свеќи за да го означат бројот 438 – што е број на убиени жени досега оваа година.

Во Италија, која е потресена од убиството на 22-годишна студентка, наводно од нејзиното поранешно момче, околу 50.000 луѓе протестираа во Рим, каде Колосеумот треба денеска да биде осветлен во црвено. Земјата е згрозена од случајот со Џулија Чекетин, која исчезнала една недела додека требало да добие диплома по биомедицински инженеринг од Универзитетот во Падова. Нејзиното тело на крајот беше пронајдено на околу 120 километри северно од Венеција, а нејзиното поранешно момче, 22-годишниот Филипо Турета е уапсен во Германија.

До 12 ноември имало 102 случаја на убиства на жени во Италија, од кои 82 биле убиени од членови на семејството или сегашни или поранешни партнери, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во Чиле, луѓето маршираа во Сантијаго, носејќи портрети на жртвите.

Во Турција околу 500 жени се собраа во квартот Шишли во Истанбул, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Нема да молчиме“ и „Жените се обединети и се борат против насилството од машката држава“, опколени од полициските единици за борба против нереди. Демонстранти излегоа и на улиците во Анкара.

Неколку илјади луѓе маршираа низ улиците на Париз и други француски градови, носејќи транспаренти на кои пишуваше: „Едно силување на секои шест минути во Франција“ и „Заштитете ги вашите девојки, едуцирајте ги вашите момчиња“.

Според владините податоци, Франција оваа година има регистрирано 121 злоставувана жена, споредено со 118 во 2022 година.

Г. Т.

Tags: злоставувањенасилство врз жениПротестиубиства
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ