fbpx
  • Latest

Протестирам против привилегиите на сите буџовани!

May 13, 2019

Петровска: Одбраната прераснува во еко-одбрана, штедиме средства и ја заштитуваме животната средина

May 16, 2022

СПЦ ја призна МПЦ-ОА, отворени врати на Алијансата, украинската војска стигна до Русија

May 16, 2022

Роднините на бранителите на Мариупол бараат од Ердоган да ја вклучи Кина за да ги спаси борците

May 16, 2022

Шаленберг: Пакетот санкции против Русија готов деновиве, Кулеба ќе притисне за шестиот пакет санкции да го вклучи и ембаргото на нафтата

May 16, 2022

Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина

May 16, 2022

Активисти на Гринпис блокираа влез на грчки танкер со руска нафта во пристаниште на југот од Англија

May 16, 2022

Работилница: Најтешко се добива одговор како се трошат јавните пари

May 16, 2022

Сали: Предмет на дискусија се три локации за новиот Клинички центар, Законот најверојатно ќе биде повлечен

May 16, 2022

Петровска: Ја поддржуваме политиката на отворени врати на Алијансата

May 16, 2022

Регионален проект за унапредување на стручното образование

May 16, 2022

И покрај прогласувањето на канонско единство од Соборот на СПЦ, МПЦ-ОА не планира одржување на заедничка света архиерејска литургија

May 16, 2022

Грковска-Худолин: Поддршката на ЕУ е исклучително важна, работиме на решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи и ќе обезбедат стандардизирани процеси во иднина

May 16, 2022
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • МАРКЕТИНГ
Monday, May 16, 2022
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Петровска: Одбраната прераснува во еко-одбрана, штедиме средства и ја заштитуваме животната средина

    СПЦ ја призна МПЦ-ОА, отворени врати на Алијансата, украинската војска стигна до Русија

    Роднините на бранителите на Мариупол бараат од Ердоган да ја вклучи Кина за да ги спаси борците

    Шаленберг: Пакетот санкции против Русија готов деновиве, Кулеба ќе притисне за шестиот пакет санкции да го вклучи и ембаргото на нафтата

    Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина

    Активисти на Гринпис блокираа влез на грчки танкер со руска нафта во пристаниште на југот од Англија

    Работилница: Најтешко се добива одговор како се трошат јавните пари

    Сали: Предмет на дискусија се три локации за новиот Клинички центар, Законот најверојатно ќе биде повлечен

    Петровска: Ја поддржуваме политиката на отворени врати на Алијансата

    Регионален проект за унапредување на стручното образование

    Trending Tags

    • ПОЛИТИКА

      СПЦ ја призна МПЦ-ОА, отворени врати на Алијансата, украинската војска стигна до Русија

      Грковска-Худолин: Поддршката на ЕУ е исклучително важна, работиме на решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи и ќе обезбедат стандардизирани процеси во иднина

      Спасовски и Брнз на оперативно-тактичка вежба на МВР и амбасада на САД

      Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси

      Парламентарна делегација предводена од Џафери во студиска посета на германскиот Бундестаг

      Владината коалиција против предвремени избори, опозицијата најавува „нови чекори“

      Османи: Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата

      Османи: Силно ја поддржуваме аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО

      Сè уште нема усогласено решение меѓу Скопје и Софија, дијалогот продолжува

      За власта Собранието функционира и покрај опозициската блокада, ВМРО-ДПМНЕ најавува „следни чекори“

      Trending Tags

      • ОПШТЕСТВО

        Петровска: Одбраната прераснува во еко-одбрана, штедиме средства и ја заштитуваме животната средина

        Работилница: Најтешко се добива одговор како се трошат јавните пари

        И покрај прогласувањето на канонско единство од Соборот на СПЦ, МПЦ-ОА не планира одржување на заедничка света архиерејска литургија

        Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси

        Истражување: Само четири од десет млади се задоволни со своето место во општеството

        Ковачевски, Ахмети, Џафери и други политичари на фудбалски натпревар помеѓу ФК Шкупи и Академија Пандев

        ТИРЗ воведе меѓународни ИСО стандарди за борба против корупција и квалитет во работата

        Зеленски. Фото: Принтскрин

        Зеленски по победата на Украина на Евровизија: Нашата музика ја освојува Европа

        Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат! – активистички инсталации против напливот на дезинформации и лажни вести

        УНХЦР: Украинките кои избегаа во Полска треба да добијат пристап до абортус

        Trending Tags

        • СЛОБОДНА ЗОНА
          • Категорија
          • MIDNIGHT EXPRESS
          • БЕЗ ФИЛТЕР
          • БЛИЦ
          • БРЗА ПОШТА
          • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
          • КОМЕНТАРИ
          • ОД КОРНЕР
          • ПОЕНТИ
          • ПРАВНИ ПЕРСПЕКТИВИ
          • РАФАЛ
          Војо Маневски

          Темелници

          Џабир Дерала

          Руската пропагандна пешадија заглавена во калта

          Добро утро со Орданоски

          Аутопсија на еден „активен бојкот“

          Добро утро со Орданоски

          Дали ВМРО-ДПМНЕ ја „откачува“ Данела?

          Војо Маневски

          Дремење

          Џабир Дерала

          Сѐ си кажа Мицкоски, а и Данела ја пушти низ вода

          Емануел Макрон

          Макрон во поход за обединување на Европа?

          Молк до 2024 година!

          Тимоти Снајдер: Десет причини зошто победата на Украина е клучна за светот?

          Добро утро со Орданоски

          Имало Господ и за нашата Црква!

          Trending Tags

          • АНАЛИЗИ
          • РЕГИОН
          • СВЕТ
          • ВОЈНА
          Civil
          No Result
          View All Result

                  Home СЛОБОДНА ЗОНА РАФАЛ

                  Протестирам против привилегиите на сите буџовани!

                  May 13, 2019 10:07
                  in РАФАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА
                  Share on FacebookShare on Twitter

                  пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

                  Додека траат честитките, повеќе од заслужени, за изборната победа на Претседателот на Република Северна Македонија и за инаугурацијата на која присуствуваа претседатели и други високи гости од соседните и други држави и сите значајни дипломати, со кренат нос и повредена суета, од претседателската вила на Водно, си замина Ѓорге Иванов, една од најнеславните фигури (а не се малку) во македонската политика. Повредена суета, затоа што само на инаугурацијата на Пендаровски имаше повеќе странци отколку што тој видел за десетте години узурпација на претседателската функција во државата. Ако сакал да се утеши некако, на својата надолна патека од Водно, можеби се сетил на намигнувањето на американскиот претседател Барак Обама.

                  Но, има денови кога ќе пишуваме и за сегашниот претседател и за оној што си замина, денеска сакам да погледнеме во привилегиите. Привилегиите во нашата сиромашна земја се налик на оние мали султанати расеани по Земјината топка (или плоча, според некои македонски „научници“). Да го оставиме на страна, за миг, арамилакот, сето крадење и злоупотреби за да се соберат пари во приватни џебови. Генерации законодавци смислуваа(т) и гласаат закони за привилегии и бенефиции за функционерите, од најмалите до најголемите, како да се лордови или, географски посоодветно, аги, бегови, паши и султани. Најблаго речено, со децении гледаме еден крајно арогантен однос кон парите што се собираат од намачените жители на ова катре земја што е, тврдам најодговорно, осиромашено токму поради нив.

                  Кога ќе ги погледнете сите бенефиции што ги добиваат тие што се во државниот апарат, мислите дека земјава е некоја феудална покраина, со безброј разгалени аристократи. Почнувајќи од попустот (околу 20%) што го добиваат административците по кафулињата и рестораните и поволните услови за кредит во банките, преку апанажите и сите привилегии на пратениците и министрите, сѐ до апсурдните бенефиции што ги добиваат претседателите на државата.

                  Само што ќе се доберат до функција, македонскиве политички аги и бегови прво гледаат да се обезбедат (законски) за времето кога ќе ги напуштат своите позиции. Од памтивек, за заслуги се давале ордени, а не апанажи, доживотни пензии, имоти, коли, канцеларии, работници…

                  И така, чекор по чекор, се трупаат секакви привилегии за сите нивоа на власта, и централна и локална. „Дај уште ова, дај уште она, а зошто не и ова? Па, на Албанците колку им даваме, зошто да не ги (о)ставиме и овие привилегии за нас? Па добро, нека земат и тие, помалку се од нас и онака…“ И, оп! Три милијарди евра годишен буџет се малку. Е, па малку се! Во буџетот треба да се стават и пари што реално треба да ѝ овозможат на државата да функционира.

                  Мора веднаш и вистински да се стави крај на расипништвото и повластиците. Почнувајќи од поранешните претседатели (сите!), завршувајќи со раководителите на државните агенции и сите останати институции. Едноставно, сите повластици мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која, притоа, се декларира како социјална држава, според Уставот.

                  Заминувањето на Иванов, таа гротескна и неславна десетгодишна епизода во македонската историја, со право го привлече најголемото внимание. Тој лик, без срам и перде, без проблем се потпишува на решението токму Република Северна Македонија да троши 165.000 евра годишно за него додека е жив! Да му се згади на човек.

                  Но, уште погрдо од неморалот на Иванов е тоа што политичарите, нека е тоа и некој претходен состав, кој сака нека биде, го направиле самиот систем таков – апашки! И добро е што оној, Фикусот, ни даде повод да погледнеме во вртоглавите суми што се вртат во привилегиите.

                  Малку е да се каже дека е тотално бесмислено да се трошат толкави суми пари за доживотни повластици на поранешните претседатели на државата, без оглед на тоа дали тие биле на висината на својата функција или биле криминалци, дали биле растенија или нешто друго. Едноставно, нема ниедна логична причина тие доживотно да живеат во раскош, ама баш раскош, на сметка на буџетот, а истовремено деца да ни умираат по болници, да немаат со што да се одвезат до училиште, а пензионерите буквално да вегетираат и само да чекаат да им чукне часот.

                  И тука не е крај на лудостите. На секое ќоше од системот има привилегии. Едноставно, тоа мора да запре. Сите тие кабадаии мораат да се откажат од луксузните коли, од разно-разните додатоци, патни трошоци, „репрезентацијата“, прескапите патувања за кои имаат апсурдни изговори, луксузниот мебел, набавките на уметнички дела за „декорирање“ на нивниот работен простор и сите останати удопства на кои полагаат право врз основа на закони зад кои стојат сомнителни, па и криминални мотиви.

                  Сѐ што е до сега набавено, мора да се продаде, а средствата да одат за подобрување на образованието, здравството и безбедноста. Наместо локалните шерифи да се возат во автомобили од над 20.000 евра (да не правиме муабет за 30, 50 или повеќе илјади евра!), треба да се набават противпожарни и амбулантни возила, или автобуси за учениците. Наместо да се прејадуваат и опиваат по ресторани, функционерите мораат да работат на борбата против корупцијата и сиромаштијата во земјата. Тоа им е работа, по ѓаволите!

                  Апанажите мора да се укинат или да се сведат на минимум. Во оваа земја социјалната помош му се укинува на примателот, само ако го фатат дека заработил екстра приход од собирање пластични шишиња за 300 денари.

                  Политичарите, владата и парламентарците мораат да сфатат дека довербата во нив ќе порасне само под услов ако почнат да работат за својата плата, без додатни привилегии. Тие од вемерето и нивните курири сега нека не скокаат, туку прво нека вратат сѐ што украдоа, да платат сѐ што расипаа и уништија, па нека зборат.

                  Неприфатливо е да се креираат, а потоа и до максимум да се користат сите прописи според кои функционерите, практично, не мораат во ниеден момент да посегнат по својот џеб. Поединечните добри примери меѓу функционерите не се доволни, туку само покажуваат дека се можело. А тоа само дополнително нервира, зарем не?

                  Нека седнат овие неколку дена и нека ги ревидираат сите законски регулативи според кои им се даваат повластици и на актуелните и на функционерите во заминување. Во време кога ни умираат луѓе по болниците на ужасот, кога луѓе гладуваат и се мрзнат по своите домови, не може да се трошат 165.000 евра годишно за некого, па нека е тоа и поранешен претседател, кој и да е.

                  Не е тешко да се воведат стандарди за набавките. Трошењето на јавните пари не е доволно да биде само транспарентно, туку мора да стане и рационално! Возилата не смеат да бидат ни луксузни, ни во голем број, како што се, туку да одговараат на практичните потреби на институциите и луѓето што ги раководат. Истото се однесува на сите останати аспекти од нивното трошење.

                  Деновиве прочитав повик за протест на социјалните медиуми. И треба да се излезе на протест! Не само за Фикусот, туку за сите привилегии и законски овозможени злоупотреби во кои уживаат буџованите, ситни и крупни.

                  Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

                  илустрација: Џабир Дерала – „Бирократска чизма“

                  Print Friendly, PDF & Email
                  Share704Tweet21Share
                  germanCoop
                  germanEmb
                  NED
                  CIVICA
                  hbs
                  govor

                  CIVILMEDIA NEWSLETTER

                  Uslovi
                  CivilMedia

                  СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

                  • ДОМА
                  • ВЕСТИ
                  • ПОЛИТИКА
                  • ОПШТЕСТВО
                  • СЛОБОДНА ЗОНА
                  • АНАЛИЗИ
                  • РЕГИОН
                  • СВЕТ
                  • ВОЈНА

                  Следете нè

                  No Result
                  View All Result
                  • ДОМА
                  • ВЕСТИ
                  • ПОЛИТИКА
                  • ОПШТЕСТВО
                  • СЛОБОДНА ЗОНА
                  • АНАЛИЗИ
                  • РЕГИОН
                  • СВЕТ
                  • ВОЈНА
                  • ЗА НАС
                  • ИМПРЕСУМ
                  • КОНТАКТ
                  • УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, АВТОРСКИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
                  • МАРКЕТИНГ