Протестот „Ултиматум – не, благодарам“ против европскиот предлог и „бугаризација“ денеска ќе почна во 12:00 часот.
„Во очи на собраниската расправа за срамниот предлог кој ја бугаризира Македонија ги повикуваме сите граѓани утре во 12:00 часот пред Собранието на Република Македонија да излеземе масовно и да протестираме мирно и достоинствено против асимилација и бугаризација на Македонија. Да порачаме дека Македонија не е на продажба, дека информацијата и да помине во Собранието, уставните измени нема да поминат. Власта мора да го отфрли предлогот“,
соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.