• Latest

Протести ќе има додека не згасне огнот!

June 15, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Протести ќе има додека не згасне огнот!

June 15, 2017 10:11
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Струга повторно обвиена во чад. Пожарникарите од синоќа не можат да се справат со пламените јазици на дивата депонија, ниту имаат целосен пристап до депонијата! 

Револтот на стружани не стивнува, тие и денеска ќе продолжат со протести, бидејќи сè уште нема конкретни решенија за проблемот со струшката дива депонија.

Министерот за животна средина Садула Дураку, вчера ја посети депонијата и вети дека наскоро ќе згасне огнот кој го согорува отпадот, како и дека местото ќе се конзервира сè додека не се изнајде долгорочно решение.

„Одлучивме Mинистерството за животна средина да направи комисија со одлука на Владата. Работната група е тука присутна и ќе ја разгледа ситуацијата. Работната група се состои од претставници на министерствата за животна средина, за здравство, за транспорт,  од Дирекцијата за заштита и спасување и од Центарот за управување со кризи“, изјави министерот Дураку.

Иако министрите без ресор  и животна средина веднаш се одзваа на апелот од граѓаните и излегоа на терен, не изнесоа конкретни временски рокови за тоа кога стружани ќе почнат да дишат чист воздух.

Засега, Министерството ја препушта работата на експертски тимови кои следниве денови ќе ја испитуваат состојбата, а заклучоците ќе ги изнесат на седница на Владата, која потоа дополнително ќе одлучува како ќе постапува и ќе го решава проблемот.

Додека експертите ја испитуваат состојбата, граѓаните ќе продолжат со  протестите, најавија блокади и на патните правци сè додека властите не им го вратат чистиот воздух.

 

Tags: дива депонијаекологијазагадувањеоганСадула ДуракуСтруга
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ