Изложбата и перформансот „Протест(и)“ на Александар Кондев ги собра активистките и активистите што неуморно пружија граѓански отпор во борбата за демократија и слобода.
„Многу сум возбуден затоа што успеав да се пронајдам на фотографиите на маестро Кондев кој е автор на оваа изложба. Како претставник на ЦИВИЛ јас би сакал да ја потсетам јавноста на нашите апели 12 април, датум на започнување на Шарената револуција да биде прогласен како ден на граѓанскиот непокор… едноставно да влезе во регистарот во регистарот на празници што се одбележуваат во оваа земја како опомена за идните генерации политичари и политичарки да не се обидуваат да прават аболиции на криминалци“, изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
„Изложби на фотографии од Шарената револуција се случија дури и во САД и ЕУ, но не и во Македонија. Затоа сметам дека оваа акција треба да се случува и да остане како дел од историјата на отпорот. Исто така, треба да си добие и соодветно место во институција, Музеј на град Скопје, каде можат и другите граѓани да ја видат и оние што немаа прилика вака да ја видат, да можат да ја погледнат и да си се потпишат, да се пронајдат, можеби, на фотографиите и да се потсетат на тоа време“, рече Јасмина Голубовска.
„Време беше да ја прославиме, да ја одбележиме Шарената револуција која уште е во нас. За мене таа едноставно е живот“, изјави активистот Денис Јанкуловски.
Изложбата „Протест(и)“ на Александар Кондев може да се погледне и утре во Музејот на град Скопје.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов