Полскиот претседател Анджеј Дуда ги потпиша двата спорни предлог закона за судски реформи, и покрај критиките на ЕУ дека законодавството во таа земја го загрозува владеењето на правото.
– Одлучив да ги потпишам тие закони, изјави Дуда во своето обраќање на полската државна телевизија.
Претходно денеска ЕК соопшти дека го активира членот 7 од Лисабонскиот договор, со кој се предвидува укинување на правото на глас на Полска во ЕУ.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.