Categories

НАСТАН Прва конференција за бекап во Македонија

На 31 март се одбележува Светскиот ден на бекапот. Овој датум е одбран да биде своевиден потсетник за важноста на заштитата на податоци. Поради ова и изборот на датумот е еден ден пред Светскиот ден на шегата 1 април.

Овој датум е искористен како пригода за првата бекап конференција која ќе се одржи во Северна Македонија. Станува збор за онлајн настан кој ќе може да го следи целиот свет.

Организатор на настанот е македонската компанија која нуди сервиси за бекап во облакот B-Up (Би-Ап). За потребата од резервно решение и заштита на податоците, како и за актуелни проблеми со „Ransomware“ и онлајн безбедноста ќе говорат неколку експерти од различни сектори: Мане Пиперевски, ИТ безбедносен експерт, Анита Никова, Извршен директор на МАСИТ, Дарко Михајловски , Solution Architect, Big Data & Cyber Security и Томислав Шуминоски, професор на ФЕИТ.

Говорниците доаѓаат од различни области и ќе зборуваат на теми како „Осврт на МК пазарот“; „Бизнис континуитет преку BackUp – must for GDPR“; „Ransomware as a Service“ и „Cyber security (колку се сигурни Вашите податоци со online backup)“.

Настанот е закажан за 29 март, и иако е онлајн треба да се регистрирате за учество.

Print Friendly, PDF & Email