„Она што фрли голема сенка врз минатата година, но и врз мандатот на оваа Влада, беше трагичниот настан од 1 ноември. Од тој момент Србија како да беше заглавена во таа катастрофа. За жал, уште еднаш ја видовме политичката злоупотреби на таа трагедија.
Она што остава длабоки последици за нашето општество е сериозна поделеност, создавање атмосфера во општеството дека се е на работ на конфликт, дека сме дошле до точка каде што учениците во училиштата се бројат за да се види кој посетува настава, а кој не. Апсолутно сè е планирано од странство. Не се сомневам во тоа“, рече тој.
Инаку, во 10 часот заврши 24-часовната блокада на еден од клучните сообраќајни централи во Белград, во која учествуваа десетици илјади студенти и граѓани, продолжувајќи ги протестите кои траат ширум Србија речиси три месеци, од несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, во екот на студентската блокада во сообраќајот во Белград, изјави дека ќе ги исполни сите нивни барања и ќе ги помилува уапсените за време на досегашните протести, а истовремено најави и реконструкција на владата.
Студентите одговорија дека нивните барања не се исполнети и дека продолжуваат со блокадите.
Фото: принтскрин Танјуг