• Latest
Опен Армс, Газа (AP Photo/Abdel Kareem Hana)

Првиот брод со хуманитарна помош стигна до брегот на Газа

March 15, 2024
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Првиот брод со хуманитарна помош стигна до брегот на Газа

March 15, 2024 15:18
in КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Опен Армс, Газа (AP Photo/Abdel Kareem Hana)

Опен Армс, Газа (AP Photo/Abdel Kareem Hana)

Share on FacebookShare on Twitter

Брод со очајно потребните залихи на храна денес стигна до брегот на Газа, изјавија очевидци, по три дена откако исплови од пристаништето Ларнака на администрацијата на кипарските Грци, пренесува Агенцијата Анадолу.

Мисијата за помош, наречена Операција „Сафина“, има за цел да отвори поморски коридор за помош предложен од администрацијата на кипарските Грци, а поддржан од Велика Британија, Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Бродот на „Open Arms“ влечеше карго со 200 тони храна обезбедени од хуманитарната организација „World Central Kitchen“ со седиште во САД.

Нема достапни информации за механизмот за истовар на помошта од бродот и нејзиното дистрибуирање до Палестинците во северниот дел на Појасот Газа.

Како што информираат од Си-ен-ен, овој брод носи околу 500 илјади оброци храна за дистрибуирање за Палестинците во Газа коишто голем дел од нив се соочуваат со глад предизвикан од страна на Израел кој ги блокира влезот на копнените хуманитарни конвоји во енклавата.

Израел ја започна својата смртоносна офанзива врз Газа по прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври 2023 година. Во израелските напади оттогаш загинати се над 31.000 Палестинци, а воведената блокада од Израел ја доведе енклавата на работ на глад, и предизвика масовна деструкција и раселување.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.

САД одделно најавија изградба на привремено пристаниште на брегот на Газа за да се овозможи испорака на хуманитарна помош во голем обем.

Х. Сулејман

Tags: БродГазахуманитарна помош
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ