Падот на температурите последните денови го донесе првиот снежен бран во регионот на Шар Планина иако официjaлно не е почната зимската сезона.
Утринава снег ја покри Попова Шапка, иако не во големи количини, а исто така опфати неколку села во шарпланинскиот регион. Метеoролозите најавуват дека за викендот температурите ќе паѓаат дополнително.
Првиот снег, пак, во Косово денеска е регистриран во планинското место Брезовица. Институтот за метеорологија на Косово најави дека денеска во Косово ќе преовладува облачно време и со мали интервали со сонце. Ниските температури таму ќе се движат меѓу 0 и 1 степени, а максималните ќе бидат меѓу 9-11 степени.
А. З.