Categories

СУДСТВО Презентација на извештајот од проверката на АКМИС во судовите

Во Министерството за правда денеска  ќе бидат презентирани наодите, односно недоследностите констатирани од увидот во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената  на одредбите од Судскиот Деловник во судовите.

На презентацијата ќе се обрати министерот за правда Билен Салији.

Работна група од Министерството за правда досега изврши проверки на АКМИС системите во Врховниот, Апелацискиот суд Скопје и во Кривичниот суд.

Во извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе беше констатирано дека постојат индиции за злоупотреба на АКМИС-системот, кој како систем ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отвoрање на предметот преку негово доделување, било да е кривичен, прекршочен, граѓански и други.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email