ЦИВИЛ денеска одржа јавна презентација на проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ пред студентите на Универзитет „Американ колеџ – Скопје“.
Презентацијата на медиумската платформа и можностите за учество и соработка во проектите ја спроведе Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.
Освен презентирање на проектните активности, присутните имаа можност да се запознаат со начините за нивно активно ослободување на медиумите и градење на слободно општество.
Проектот има за цел промоција и граѓанска едукација за слободата на медиумите како предуслов за слободно општество, но и има за цел да создаде целосно независна медиумска платформа што ќе служи како јавен ресурс за медиумите, граѓанските организации и сите активни граѓанки и граѓани.
„Слободни медиуми за слободно општество“, е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Биљана Јордановска