• Latest
Фото: Укринформ

ПС на НАТО: Алијансата треба да остане со Украина до победата

October 10, 2023

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

ПС на НАТО: Алијансата треба да остане со Украина до победата

October 10, 2023 10:03
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарното собрание на НАТО ги повика владите и земјите од воената алијанса да продолжат да ја поддржуваат Украина и да стојат покрај земјата се додека не ја постигне победата во војната против Русија.

Укринформ пренесува дека овој став произлегува од резолуцијата „Имплементација на одлуките на самитот во Вилнус: забрзување на адаптацијата на НАТО, поддршка на Украина“, што беше усвоена вчера на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Копенхаген.

„НАТО треба да има јасна визија за тоа како војната во Украина мора да заврши и да стои на страна на Украина додека не се постигне победата на Украина“, се наведува во документот.

Собранието на НАТО го осуди континуираното руско водење и ескалација на незаконската, неиспровоцирана и брутална војна, вклучувајќи ги и редовните и отворени гаѓања на населените центри и цивилната инфраструктура, како што се објектите за складирање и транспорт на храна, и систематското извршување на бројни воени злосторства, злосторства против човештвото и пријавените случаи на геноцид на незаконски окупирани територии.

НАТО, исто така, го повтори својот став дека „руската држава, под нејзиниот сегашен режим, е терористичка“.

Парламентарното собрание на НАТО ги повика владите и парламентите на Алијансата „дополнително да ја зголемат својата воена, разузнавачка, финансиска, професионална и хуманитарна поддршка за Украина, вклучувајќи и забрзување на испораката на доволни количества напредно оружје што на Украина и треба за да се заштити и да го обнови територијалниот интегритет во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година“.

Tags: НАТОУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ