Во средно училиште во Кентаки, САД, 15-годишен ученик во училиштето влегол и отворил оган кон своите соученици.
Медиумите од САД јавуваат дека едно девојче подлегнало на повредите на лице место додека уште еден ученик починал во болница, има десетина повредени за кои нема подетални информации во моментов.
САД е една од државите со најмногу училишни инциденти поврзани со насилство со оружје во светот. Минатата година имаше девет вакви инциденти, најчесто со смртни последици за учениците во тие училишта.
Претседателот на САД, Доналд Трамп сѐ уште нема дадено изјава за овој крвав инцидент, кој се совпаѓа со годишнината од неговата инагурација.
Р.М.