Македонските граѓанки и граѓани можат да помогнат во овие тешки мигови за украинските цивили, меѓу кои најтешко им е на децата. Својата солидарност мирољубивите луѓе можат да ја искажат преку финансиски донации или преку донирање во пунктовите за хуманитарна помош.
Во моментов, пунктови за хуманитарна помош се отворени во магацинот на „Горска“, во Ѓорче Петров, на ул. Шарпланинска, бр. 4, секој работен ден од 10 до 19 часот, а в сабота од 10 до 14 часот.
Поставен е и шатор на Плоштад Македонија, спроти ресторанот „Ла Тераца“, отворен секој ден од 10 до 20 часот.
Најмногу се потребни храна (освен од животинско потекло), како и средства за хигиена, ќебиња, лекови, завои и слично.
Потребни се и волонтери во пунктовите за прием на хуманитарната помош.