• Latest

Путин: Денес нашите офицери учествуваат во специјална воена операција во Донбас, Украина, тие обезбедуваат помош за народните републики

April 12, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Путин: Денес нашите офицери учествуваат во специјална воена операција во Донбас, Украина, тие обезбедуваат помош за народните републики

April 12, 2022 14:02
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПРОПАГАНДА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот претседател Владимир Путин денеска присуствуваше на церемонија на доделување награди на космодром во регионот Амур на крајниот исток на Русија, каде говореше за воената операција во Донбас, Украина, која несомнено ќе ги исполни своите благородни цели, пренесува МИА.

– Денес нашите офицери учествуваат во специјална воена операција во Донбас, Украина. Тие обезбедуваат помош за народните републики Донбас. Тие покажуваат храброст, дејствуваат на правилен, ефективен и ефикасен начин, користејќи најнапредно оружје, посочи Путин.

Според него ќе бидат исполнети целите и задачите на специјалната операција во Украина.

– Главната цел е да им помогнеме на луѓето во Донбас, на народот во Донбас, што го признавме и моравме тоа да го направиме, бидејќи властите во Киев, охрабрени од Западот, одбија да ги спроведат договорите од Минск, насочени кон мирно решавање на проблемите на Донбас, наведе Путин.

Рускиот претседател посочи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно кажал дека „не сака“ ниту една клаузула од Договорот.

– Тие тоа јавно го отфрлија. Па, едноставно беше невозможно да се толерира овој геноцид, што траеше осум години.

Рускиот претседател се осврна и на влијанието на западните санкции кон Москва, истакнувајќи дека е невозможна целосна изолација на земјата.

– Нема да се изолираме. Во современиот свет целосно е невозможно кој било стриктно да се изолира и невозможно е да се изолира огромна земја како Русија. Така што ќе работиме со оние партнери кои сакаат да комуницираат, посочи Путин.

Тој додаде дека Русија ќе ги развива сопствените капацитети за да го замени тоа што претходно можеше да го купи со приходите од продажба на енергенси.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ