• Latest
Фото: Укринформ

Путин губи во сите 4 украински региони што ги „анектираше“, руското воено раководство „во клинч“

October 7, 2022
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Путин губи во сите 4 украински региони што ги „анектираше“, руското воено раководство „во клинч“

Иако, барем засега, ниту еден од истакнатите провоени критичари на војската не го нападна Путин лично, сепак, рускиот претседател еден ден би можел да ја изгуби контролата над ситуацијата, доколку продолжат загубите на русите на украинските боишта. А тој ден е се поблиску.

October 7, 2022 12:46
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Плимата на војната која Владимир Путин самиот ја започна, покажува колку катастрофално тргнале работите за рускиот претседател. Загубите кој ги претрпе во украинската контраофанзива, го натераа да прибегне кон хаотична мобилизација за да ја надополни изгубената воена сила, и да прогласи „анексија“ на делови од украинска територија, која од час во час му се лизга низ прсти. Сега, тој освен жива воена сила и воена техника, губи и територии, и тоа не само во една од областите што незаконски ги прогласи за руски, туку и во сите четири анектирани делови.

Деокупација на „анектираните“украинските региони

Украинските сили длабоко напредуваат во областите на Херсон контролирани од Русија, Украинците напредуваат по западниот брег на реката Днепро, и се закануваат дека ќе ги опколат руските трупи на нивниот исток. Нивниот напредок беше толку брз што кај проруските пропагандисти предизвика вчудоневиденост и паника. Масло на огнот долеваат секојдневните објави на видеа и слики од победничките украински војници кои го истакнуваат украинското знаме над ослободените градови и села.

Според пресретнатите разговори од украинската безбедносна служба СБУ, помеѓу руските војници долж линијата на фронтот владее страв и паника.. Еден руски војник, наводно, е снимен како вели: „Овде нозете се тресат. (ХИМАРС) удира, земјата се тресе. Еве, сите наши треперат“. Во друго пресретнување, руски војник го повикува својот татко дома и го охрабрува да избегне мобилизација. Осуммина негови другари, вели војникот, неодамна ја напуштиле болницата во Херсон без раце и нозе. Со украинскиот напредок на западниот брег на Днипро,  поголемиот дел од Херсонската област во се најде во дометот на најпрецизната артилерија на Украина обезбедена од Запад.

Поради украинските напади врз мостовите преку реката Днипро, што дополнително ја отежнува, и онака неефикасната и лошо организирана руската логистика, руските трупи на западниот брег се сè послабо снабдени.

Покрај западните артилериски системи, Русите дополнително се на мета на безброј напади од мали украински беспилотни летала, ги напаѓаат руските цели, често под закрила на темнината. Пристапот до ефикасно, модерно комбинирано оружје на Кијив придонесе за постојано слабеење на воените перформанси на руската војска во  Херсон.

Како што руските трупи се повлекуваат во паника, на Украинците им ја оставаат нивната воена опрема и техника, вклучително и „антиквитетите“-тенковите Т-62М, реликвии од Студената војна, кои се вратени во употреба, поради тоа што Русија веќе не е во можност да ги издржи загубите на нејзините помодерни возила.

Украинскиот напредок во Херсон беше надополнет со постепен напредок во Запорижја, на исток, и дополнителни територијални придобивки во Харкив. Украинските сили навлегоа во Луганск, при што сега се водат битки во близина на реката Оскил и автопатот Сватове-Кремина северно од клучниот железнички центар Лиман, кој украинските сили го деокупираа минатата недела.

„„Па, сега е официјално. Деокупацијата на регионот Луганск веќе започна! Неколку населени места веќе се ослободени од руската армија, а таму вооружените сили на Украина веќе го креваат украинското знаме таму“објави Серхи Гајдаи, шеф на регионалната воено-граѓанска управа на Луганск, на Телеграма.

Како знак за конфузијата која владее во рускиот воено-политички врв, следи и изјавата портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, кој во разговор со новинарите во понеделникот призна дека Кремљ дури и не знае каде се неговите декларирани граници на анексија.

„Ќе продолжиме со консултациите со населението во врска со границите на регионите Керсон и Запорожје“, рече тој.

Во меѓувреме, армијата на Путин е во постојана дефанзива, без идеја како да го запре украинскиот напредок низ целата земја.

Путин се соочува со несогласувања дома

Руските порази во Украина предизвика излив на незадоволство кај поддржувачите на војната, создавајќи нова загриженост кај Путин.

Како резултат на ваквата состојба, руските „јастреби“, ултра-милитантните сојузници на Путин, дома почнаа да ги обвинуваат некомпетентните теренски команданти – и да даваат неконвенционални предлози за враќање на руската иницијатива.

Рамзан Кадиров, близок соработник на Путин, и воен лидер на Чеченија, беше особено остар кон генерал – полковникот  Александар Лапин, командант на Централниот воен округ на Русија, кого Кадиров го обвини за губењето на Лиман од Украина минатиот викенд.

Кадиров го нападна Лапин затоа што не им обезбедил на силите во Лиман соодветни комуникациски и артилериски резерви.

„Не е срамно што Лапин е просечен, туку што тој е прикриен на врвот од страна на водачите во Генералштабот. Кога би можел, би го деградирал Лапин, би му ги одземал наградите и, со митралез во рацете, би го испратил на фронтот да му го измие срамот со крв“, напиша Кадиров.

Кадиров се залагаше за воведување воена состојба во пограничните области меѓу Русија и Украина и распоредување на „нуклеарно оружје со низок принос“ за да се надоместат загубите на бојното поле.

Игор Гиркин, поранешен офицер на ФСБ, кој командуваше со руските прокси сили во Донбас пред седум години и беше вмешан во мноштво воени злосторства, сега се осврна на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, кој некогаш се сметаше за втора најпопуларна политичка фигура во Русија, нарекувајки го „Маршал од иверица, чиј континуиран мандат на чело на Министерството за одбрана конечно станува неподнослив за сите кој не е силно заинтересиран за пораз во оваа војна“.

„Не можам да го објаснам ова предавање од воена гледна точка“, објави заменикот на Државната дума Андреј Гурулев, пензиониран генерал-мајор во руската армија и поранешен заменик командант на Јужниот воен округ, кој неодамна се залагаше за руски ракетни напади врз Обединето Кралство. „Веројатно, ова е значајна пресвртница не само воено, туку и политички, особено сега. … Се додека не се појави нешто сосема друго во Генералштабот, ништо нема да се промени. Сè друго е последица на политиката што се води оттаму“.

Кирил Стремусов, вториот човек на Херсон, регионот анектиран од Русија, сугерираше дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу поради поразот на бојното поле, би требало да размисли за самоубиство. Станува збор за изненадувачки, па и невиден јавен напад на еден од највисоките руски претставници, пишуваат дел од светските медиуми.

Над седум месеци војна, а не се остварени ниту најосновните воени цели што ги зацрта Русија со инвазијата на Украина. Минатите месеци руската војска претрпе низа порази на бојното поле и рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација, потсетуваат медиумите.

Заменикот на лидерот на анектираниот Херсон, Стремусов во видео порака јавно ги прозва  генералите и министрите во Москва затоа што не ги разбираат проблемите на бојното поле.

Иако, барем засега, ниту еден од истакнатите провоени критичари на војската не го нападна Путин лично, сепак, рускиот претседател еден ден би можел да ја изгуби контролата над ситуацијата, доколку продолжат загубите на русите на украинските боишта.

А тој ден е се поблиску.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ