Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Керсон и Запорожје како „независни територии“ откако таму беа одржани псевдореферендуми,објави пропагандниот медиум РИА Новости, пренесува Укринформ.
Путин ги оправдува своите акти на агресија со „универзално признати принципи и норми на меѓународното право“ кои се вградени во Повелбата на ОН.
Указите на Путин за признавање на независноста на регионите Херсон и Запорижја „стапуваат во сила“ на 29 септември.
Во Москва ќе има прослава со концерти и маршеви. Најавен е говор и на Владимир Путин.
Истата тактика Русија ја користеше во 2014 година при анексијата на Крим, кога по изгласувањето на Декларацијата за независност во парламентот на Автономната Република Крим на 11 март 2014 година, на 16 март беше организиран референдум на кој 97 отсто се изјаснија за приклучување кон Русија.
На 23-27 септември руско-окупаторската администрација одржа лажни референдуми на територијата на регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје за присоединување на овие територии кон Русија.
Повеќето земји од Западот најавија дека нема да ги признаат резултатите од референдумот, а истиот не наиде на поддршка ниту кај традиционалните сојузници на Путин.
Подготви: Д. Мишев