Деокупацијата на регионот Луганск започна, неколку населени места во регионот се веќе ослободени од руската армија, објави на Телеграм Серхи Гајдаи, шеф на Регионалната воена управа на Луганск, пренесува Укринформ.
„Па, сега е официјално. Деокупацијата на регионот Луганск започна. Неколку населени места веќе се ослободени од руската армија, а таму вооружените сили на Украина веќе го креваат украинското знаме таму“, објави Гајдаи.
Тој истакна дека деокупацијата на регионот ќе продолжи.
Гајдаи се заблагодари на украинската војска:
„Им благодарам на нашите вооружени сили за прекрасните вести. Да им помогнеме, не се уморни, ние веруваме во нашата победа. Регионот Луганск е Украина, тоа било и ќе биде така. Продолжете“.
Офанзивата на украинската армија продолжува во источниот правец и од страната на регионот Доњецк. Вооружените сили на Украина ги ослободуваат украинските населби окупирани од руските војници.
Подготви: Д.Мишев