Рускиот претседател Владимир Путин денеска на сцелена церемонија во Кремљ положи заклетва за нов шестгодишен мандат, кој е петти негов откако дојде на власт во 2000 година. Во краткиот инаугуративен говор, тој не ја исклучи можноста за дијалог со Западот, но, како што рече, тој треба да биде под рамноправни услови
Владимир Путин, кој помина речиси четвртина век како руски лидер би можел да го надмине Јосиф Сталин како лидер со најдолг стаж во Русија по Катерина Велика, доколку го заврши овој последен претседателски мандат, го започна својот петти мандат како шеф на руската федерација.
На церемонијата во Москва денеска не присуствуваше амбасадорот на земјава во Руската Федерација, Ненад Колев откако Македонија се приклучи кон Соединетите Американски Држави, Канада, Германија и мнозинството земји членки на Европската Унија (ЕУ) чии амбасадори и дипломатски претставници не присуствуваа на инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин.
М. Д,