Говорот на рускиот претседател Владимир Путин на големата парада по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот што се одржа во Москва, не донесе никаква спектакуларна изјава, како што се шпекулираше во изминатите денови, пренесува Каспаров.ру.
Путин во својот говр брзо се префрли од настаните во Големата патриотска војна на акцијата во Украина. Тој повтори дека Русија понудила да склучи безбедносен договор со НАТО, но „сето тоа беше залудно“. Според него, постоела закана во близина на границите со Русија – „во тек биле подготовки за „казнена операција во Донбас“ а се подготвувал и напад, вклучително и на Крим“, и „неизбежен бил судир со неонацистите“.
„Русија и зададе превентивен удар на агресијата. Тоа беше навремена и единствена правилна одлука. Одлука на суверена и силна земја“, рече Путин.
Според Дмитриј Песков, навистина никој од странските гости не бил поканет, но според него, од сосема друга причина. „Факт е дека ова не е датум за годишнина. Ова е наш празник, ова е свет празник за цела Русија, за сите Руси“.
Подготви: Жорж Димовски