• Latest

Путиновата „маскировка“ и реалната (не)моќ на руската воена машинерија

September 21, 2020

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

May 16, 2026

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    И на пазарот има мода

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Путиновата „маскировка“ и реалната (не)моќ на руската воена машинерија

Путиновата „маскировка“ води неуморна кампања да ја прикаже Русија како опасен и надмоќен противник против НАТО. Тоа има повеќекратна примена. Прво, заедно со тие „тези“ Русија предизвикува несигурност кај дел од јавноста во западните демократии и често успешно „шверцува“ други компоненти од својата хибридна војна – недоверба во институциите, поделби и омраза, страв, паника... Понатаму, руската воена моќ е добра пропагандна алатка за внатрешна употреба и репресија врз прогресивната опозиција. Исто така, тоа е добар маркетиншки трик, да се убедат дел од државите кои не се во најдобри односи со Западот, да го купат руското оружје. И така во круг.

September 21, 2020 11:18
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Путин постојано ѕвецка со оружје. Што значи неговата изјава дека на руското оружје му нема рамно во светот? Тоа е само уште една од многубројните изјави со кои Путин и другите политички експоненти на Русија во континуитет се фалат дека се воено најмоќни во светот. Пред крајот на минатата година, во своето обраќање до нацијата, тој изјави:

„Имаме ситуација што е единствена во модерната историја, кога тие се обидуваат да фатат чекор со нас. Ниедна држава нема суперсонично оружје, а уште помалку суперсонично оружје со интерконтинентален домет.“

По повод денот на руските производители на руското оружје (19 септември), на седницата на комисијата за воена индустрија (18 септември), тој меѓу другото рече: „Според некои карактеристики, на нашето оружје му нема рамно во светот, тоа е апсолутно очигледно…“

Путин, кој е обучуван и работел во злогласното КГБ, ни оддалеку не е наивен. Тој не сака да предизвика смеа и подбив во светот, па својата изјава внимателно ја дозира со зборовите „според некои карактеристики“.

Како Путин, наспроти реалната (не)моќ на руската воена машинерија, успева да ги окупира светските наслови? Дали тоа е само „маскировка“?

За неупатените, „маскировка“ е назив за руска воена доктрина, развиена во Советскиот Сојуз на почетокот на 20. век, која и во денешно време се употребува за политичка или воена измама, посебно насочена против западните демократии и земјите членки на НАТО. Таа се состои во креирање наративи или, подобро, митови како што е, на пример, „огромната моќ“ на руската воена машинерија.

Руската пропаганда, ако се анализира малку подобро, изобилува со наивни пропусти, но поради нејзиниот интензитет и слоевитост, тие „дупки“ во пропагандата се помалку видливи за пошироката јавност која веќе одамна некритички паѓа пред руската „маскировка“. Путин лично ја тестираше руската снајперска пушка „Чукавин“ СВЧ-54 во септември 2018 година. Неговите пропагандисти нашироко ја дистрибуираа таа снимка повторно деновиве, кога Путин ги обнови фалбите со руското оружје на светската сцена.

Вистината е дека руската воена моќ ни оддалеку не е толку голема колку што тоа сака да го прикаже Путиновата пропаганда. Според воените експерти, руското вооружување ни оддалеку не го надминува ни кинеското, а камоли американското. Тоа е неспоредливо помалку моќно од непрегледната моќ што ја има и секојдневно ја развива НАТО алијансата. Ова го потврдуваат воени експерти дури и од Русија по што, како што е „редот“ во оваа земја со која владее диктаторот Путин веќе 21 година, паѓаат во немилост од властите. Дел од руските експерти веќе одамна се заминати од земјата и од „демократска територија“ повремено ја затресуваат густата мрежа на руската пропаганда. За жал, до земји како Северна Македонија, недоволно допираат објективните информации за руската „маскировка“, особено кога се работи за руската воена моќ.

Руската воена индустрија навистина успева повремено да направи одреден пробив во истражувањата и иновациите, со што без пречки и со право окупира дел од насловите во светските медиуми. Демократијата и слободата на медиумите во западните демократии се лесен плен за руската „маскировка“ и без проблем успеваат да бидат присутни редовно. Иновациите се вести за секој уредник, без оглед на тоа од каде доаѓаат информациите. И, сѐ би било в ред до тука, доколку зад тоа не се крие пропагандата.

Путиновата „маскировка“ води неуморна кампања да ја прикаже Русија како опасен и надмоќен противник против НАТО. Тоа има повеќекратна примена. Прво, заедно со тие „тези“ Русија предизвикува несигурност кај дел од јавноста во западните демократии и често успешно „шверцува“ други компоненти од својата хибридна војна – недоверба во институциите, поделби и омраза, страв, паника… Понатаму, руската воена моќ е добра пропагандна алатка за внатрешна употреба и репресија врз прогресивната опозиција. Исто така, тоа е добар маркетиншки трик, да се убедат дел од државите кои не се во најдобри односи со Западот, да го купат руското оружје. И така во круг.

Рускиот буџет на одбраната, според јавно достапните информации за 2019 година, изнесува 65,1 милијарди американски долари (нешто помалку од 55 милијарди евра). Се разбира, во земја во која владее диктаторски режим и во која се извршуваат свирепи атентати врз опозиционерите, не е исклучено воениот буџет да се „дополнува“ со непознати суми црни пари, но и тоа има свои граници. Како и да е, ако оперираме со јавните податоци, рускиот воен буџет е нешто поголем од оној на Саудиска Арабија (61,9 милијарди).

Листата со буџетите на одбраната за 2019 година започнува со САД кои во 2019 година потрошиле фантастични 732 милијарди долари, односно околу 11 пати повеќе отколку Русија. На второ место по трошење за воени цели е Кина со 261 милијарди долари (што е речиси три пати помалку од САД, а 4 пати повеќе од Русија). Индија потрошила 71,1 милијарди долари, така што Русија е на четвртото место во светот според трошењето за воени цели. На листата, по Саудиска Арабија, следат Франција со 50,1 милијарди долари, Германија со 49,3, Велика Британија со 48,7, Јапонија со 47,6 и Јужна Кореја со 43,9 милијарди долари во буџетот на одбраната. Тоа се десетте држави кои најмногу потрошиле на одбраната во 2019 година. Пропорциите се исти или слични веќе со години наназад.

Има уште една интересна споредба. Во поглед на процентот од бруто домашниот производ потрошен за одбраната, гледаме дека САД трошат дури и помалку од Русија. Така, американскиот буџет на одбраната во висина од 732 милијарди долари е 3,4 проценти од бруто домашниот производ, додека, 65-те милијарди на Русија се 3,9 проценти од рускиот бруто домашен производ. Богатството на државите си го прават своето.

Русија, колку и да сака, не може да постигне предност во развојот на оружјето во својата одбрана. Путиновата администрација е ставена пред сериозни предизвици да ги балансира своите реални можности и апетитите да се наметне како рамноправен партнер во светската поделба на влијанија. Затоа ѝ е потребна „маскировка“. На Русија ѝ е потребно креирањето на лажни наративи дека има најдобро оружје, бидејќи тоа реално не е точно, а воедно е и невозможно.

Што се однесува до технолошкиот пробив во усовршувањето на оружјето или креирањето нови софистицирани видови оружје и одбранбени системи, Русија има долга низа од неуспеси, а секако и неколку успешни потфати. Така, Русија може да се пофали со одредена предност во поглед на суперсоничното оружје, но затоа има големи проблеми со финансирање на неговото производство. Истите проблеми со финансирањето го придружуваат и производството на новите типови подморници, технолошки напредниот тенк Т-14 и борбениот авион со стелт технологија Су-57, со кој руските воени инженери имаат повеќегодишни сериозни проблеми.

Русија, едноставно, дури и да има технолошки достигнувања, нема капацитет да ги димензионира (произведе) соодветно на апетитите за вистинска воена надмоќ во светот. Но затоа, недостатокот од реална моќ се надополнува со релативно успешната КГБ-овска доктрина „маскиро́вка“. Која, се разбира, има далеку поширока примена во политиката и во хибридната војна која ја води Путин против демократијата дома и во светот.

Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ