• Latest

Работнички од Пробиштип „своеволно се одјавиле од работа“!?

April 12, 2017
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Работнички од Пробиштип „своеволно се одјавиле од работа“!?

April 12, 2017 14:23
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Работничкото незадоволство во Источна Македонија се шири одград во град! Денеска во Пробиштип работничките од текстилната фабрика „Мартекс“, штрајкуваа за своите заработени плати за февруари и март.

Изминатите неколку дена работничките престанале со работа, во знак на протест за доцнењето на платите. Според зборовите на вработиените, тие вчера биле избркани од фабриката од работодавачот!

„Вчера дојдоа и ни кажаа дека ако не работиме треба да ја напуштиме фабриката. Кога ги прашавме што е со парите кои ни ги должат, добивме одговор: ‘За парите немам коментар!’“, изјави една од текстилните работнички за ЦИВИЛ Медиа.

Од фабриката, штрајкувач(к)ите се упатиле во Бирото за вработување, каде добиле одговор дека биле „своеволно одјавени уште на 31 март“.

„Зошто би работеле 11 дена во април, ако своеволно сме се одјавиле?“, прашува соговорничката на ЦИВИЛ Медиа.

„Институциите се без слух за проблемите на работниците. Работодавачите во улога на богови врз нивните судбини. Плач, лелек, страв…, што ќе се случи со нив и со нивните семејства, останати без егзистенција, без своите заработени плати… Ќе проработат ли институциите, ќе ја утврдат ли лошата состајба, лошите услови, кршењето на човековите и работничките права, неисплаќањето на платите?“ прашуваат од здружението „Тивко мнозинство – Гласно!“ од Штип, кои ги поддржуваат текстилните и кожарските работници во борбата за нивните права.

М. И.

Tags: „Мартекс“неисплатени платиодјавени од работаПробиштипПротесттекстилни работничкиШтрајк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ