• Latest

Реакција: Субвенции добиваат сите евидентирани, а не само регистрирани земјоделци!

February 18, 2016

24 ЧАСА: Со онлајн петиција и мобилизација СДСМ против мигрантите; МВР со апел – петардите не се играчка; Се разгоруваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа

December 9, 2025
Џабир Дерала (Фотгорафија: НДИ Косово)

Дерала на ДИСИКОН 9, Приштина: Вештачката интелигенција ги редефинира изборите и отвора нови ризици за демократијата

December 9, 2025
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реакција: Субвенции добиваат сите евидентирани, а не само регистрирани земјоделци!

February 18, 2016 16:07
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

(Повод: Интервју со Михаил Цветков-Не ги темпираме субвенциите според изборите!)

На прашањето на ЦИВИЛ Медиа до министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство,Михаил Цветков, дека „фактот што покрај регистрираните, субвенции добиваат и останатите земјоделци, само предизвикува хиперпродукција, конкретно  на јаболката, со што се намалува цената, која годинава е рекордно ниска, а се создава и нелојална конкуренција“, како и дека „бенифициите кои ги добиваат регистрираните земјоделци се незначителни, затоа што самите си плаќаат придонеси, а треба да ги продаваат своите производи, по иста цена како и останатите земјоделци“, тој ја демантира таквата пракса.

Министерот тврди дека има ред и закон – кој може да земе субвенции. „Секој земјоделец кој е регистриран во Единствениот регистар за земјоделски стопанства, има право на субвенции. Ова што го кажувате вие, проверете и најдете го тој кој не е регистриран, а зема субвенции, јас веднаш ќе преземам казнени мерки против луѓето кои исплатиле такви субвенции! Со сигурност Ви кажувам дека таква работа  е неможна и секој вработен кој тоа го направил, направил кривично дело!“, тврди Цветков кој му порача на ЦИВИЛ за вакви информации, треба да се да имаат документи.

285522_10150296598394897_1408405_n

Трајан Димковски

Секојдневната пракса е сепак поинаква, а играњето со термини не ја побива. Земјоделците кои сакаат да добијат субвенции (директни плаќања) аплицираат секоја година во канцелариите на Подрачните единици на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои пак, се поврзани во системот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој (Платежна агенција), а податоците за електонско аплицирање ги внесува вработен во Подрачната единицица на МЗШВ.

Владата на Република Македонија секоја година (во јануари) објавува програма и уредба за поблиски критериуми за директни плаќања, корисници на средства, максимален износ и начин на директни    плаќања. Во уредбата се наведени сите подмерки со кои се планира да се субвенционира земјоделството. Во интервјуто на министерот Цветков се спомнати одгледувачите на јаболки, еве ги конкретните податоци, а податоците може да се однесуваат за секоја подмерка во земјоделството.

Според уредбата во подмерка: 1.9 – Директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, стои: корисници на ова подмерка се земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари (2.000 м2) површина со постоечки овошни насади за секој овошен вид посебно и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Ова е клучно за да може земјоделецот да добие субвенции. На пример, за јаболко треба да има на свое име површина од 0.2 ха или да има изнајмено со договор заверен на нотар или пак, земено под закуп државно земјоделско земјиште. Со самото аплицирање за субвенции, земјоделецот веднаш го регистрираат во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (овој регистар се води во МЗШВ) и тоа е евиденција на сите земјоделци кои аплицираат за субвенции.

По овој основ, сите земјоделци се еднакви, дали се пензионери, судии, полицајци, административци…, штом поднесат апликација за субвенции, веднаш добиваат број во ЕРЗС и евидентирани се со сите права да аплицираат и за рурална програма за трактор или друга механизација (50%-50%). И целосно се изедначени со другите земјоделци кои се регистрираниспоред Законот за земјоделство и рурален развој и плаќаат 1.100 денари за пензиско и 450 денари за здравствено осигурување. Само евидентираните земјоделци не мораат да водат книговодство, да поднесуваат завршна сметка, да имаат печат и да имаат посебна жиро-сметка, не издаваат фактури (освен се разбира лична трансакциска сметка). А земјоделците регистрирани според Законот за трговски друштва ги имаат сите обврски како и секое трговско друштво, со печат, книговодство, жиро-сметка, издаваат фактури, може да вршат повраток на ДДВ…

Оттука е и револтот на јаболкарите, особено оние кои го работат само тоа, а за субвенции се изедначени со сите други кои произведуваат јаболко, а во исто време работат и како доктори, судии, државни службеници или што и да е. Регистрираните земјоделци, во споредба со евидентираните земјоделци, ги уживаат истите права за директни плаќања (субвенции), за аплицирање кај ИПАРД програмата, за мерките од рурален развој (подигнување на нови овошни насади, органско производство)… Накратко кажано, целосно се изедначени

Инаку, околу прашањето поставено до министерот, можам да заклучам од погоре кажаното, оти е точно декаа регистрираните земјоделци немаат никакви предности во субвенционирањето, иако плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

Трајан Димковски

(* Авторот е советник во кабинетот на дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски)

Tags: земјоделциТрајко ДимовскиЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ