Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и албанскиот премиер Еди Рама денес ги посетија Ирпин и Бородјанка надвор од Киев за време на нивното патување во Украина, пренесува Укринформ.
Абазовиќ посетата ја најави на Фејсбук,
„Пристигнавме во Киев со Еди Рама за искрено да ја поддржиме Украина и нејзините граѓани во одбраната на нивните права на слобода! Црна Гора ќе продолжи да и помага на Украина во ова тешко време и хуманитарна катастрофа“, напиша тој.
За време на посетата на Бородјанка, Абазовиќ изјави дека во ослободената населба може да се види „пеколот на војната“.
За време на посетата на Ирпин заедно со шефот на албанската влада, тој рече дека сочувствува со Украина поради огромните човечки загуби, тагата и уништувањето на нацијата што ги претрпе во текот на месеците.
Во живо од Ирпин. Сочувствуваме со Украина за многуте загуби на животи, страдања и уништувања кои траат со месеци, напиша Абазовиќ на Фејсбук.
Двајцата премиери отпатуваа во посета на Украина на покана на украинскиот претседател Владимир Зеленски, со кого е планирано да се сретнат во текот на денот.
Подготви: Д.Мишев