• Latest

Рама: Сериозно ќе размислиме да ги поканиме земјите од ЕУ во Отворен Балкан

September 2, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Рама: Сериозно ќе размислиме да ги поканиме земјите од ЕУ во Отворен Балкан

September 2, 2022 13:04
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Белград на отворањето на лидерскиот самит „Отворен Балкан“ изјави дека лидерите на земјите членки сериозно ќе размислат да поканат на регионалната иницијатива и други важни земји, но и од ЕУ, важни за тој регион, како на пример Грција, Италија, Турција и Унгарија, јавува МИА од Белград.

-Иницијативата на ОБ повеќе нема потреба да бара оправдување за своето постоење, ниту треба повеќе да објаснуваме, таа сега зборува сама за себе и ќе разберат оние кои имаат визија за иднината и сакаат да не видат и слушнат, рече Рама.

Тој кажа дека на оваа средба биле поканети претставници на Италија и Грција, но дека биле спречени да присуствуваат и најави дека секако ќе бидат поканети на следниот самит во Тирана, додавајќи дека тие не присуствуваат од објективни причини и дека се извиниле што не можеле да дојдат.

-Ми се јави еден премиер од европска земја и ме праша зошто не не поканивте, а јас реков дека ќе разговарам со моите колеги за тоа и дека најверојатно ќе ве поканат, како и дека ми е многу драго што има интерес за иницијативата на ОБ, рече Рама.

Тој посочи дека членките на ОБ сакаат да извлечат максимум од оваа иницијатива и затоа ги повикуваат и другите земји да се приклучат.

-Сериозно ќе размислиме за испраќање покани до други партнери и земји од ЕУ и никој не треба да ни љубомори, рече Рама, додавајќи дека на самитот во Белград денеска присуствуваат и министрите за надворешни работи на Турција и на земја од ЕУ – Унгарија како и дека тука е и американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил кој ќе биде присутен на секој самит, додаде Рама.

-Тоа значи дека сме сигурни дека нема да има недоразбирања за тоа – благодарам. Исто така, благодарам на Сијарто како претставник на ЕУ што е тука, нагласи Рама.

-Се надевам дека претставниците на Италија и Грција ќе бидат собрани околу тркалезната маса на следниот самит во Тирана, додаде Рама и посочи дека се повеќе земји сакаат да бидат поканети на самитите на иницијативата ОБ и тоа од областите каде што ние долго време чевкаме покани од нив.

-За мене ова е само потврда дека Балканот е важен за Европа колку што е и Европа за Балканот и убеден сум дека тоа на сите ќе им стане јасно.

Рама рече дека турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу е негов пријател и посочи дека Турција е незаменлив стратешки партнер на Албанија и важен фактор во сите позитивни процеси во регионот. Исто така, тој кажа дека синоќа била многу возбудлива вечер во рамки на на саемот за вино Отворен Балкан и истакна дека саемот е организиран на светско ниво и му честита на претседателот Александар Вучиќ и на целиот негов тим за организацијата.

Тој додаде дека во овој контекст е важна и „резолуцијата поврзана со документите за идентификација“ на земјите од Отворениот Балкан, што покажува дека оваа иницијатива има резултати.

Како што рече, тоа не ги решава сите проблеми кои се уште остануваат, но не отвора нови проблеми и прашања.

-Ние не сме тука само за да уживаме во виното и храната од регионот и чекор по чекор ги зближуваме луѓето, туку сме на уште еден самит што веќе се случува во контекст на војната во Украина и преземаме чекори, рече Рама.

-Србија, како и другите земји, мора да го замрзнат извозот, но благодарение на ОБ ги одмрзнавме тие договори со С. Македонија и Албанија, кажа тој

Рама рече дека тоа не би било возможно ако има конфликт наместо соработка.

-Не би било можно денес да потпишеме договор за безбедност на снабдувањето со прехранбени производи и да направиме важен чекор за складирање храна и да ги здружиме силите, кога станува збор за енергетската безбедност, рече Рама.

Тоа значи, како што рече, тоа што Србија го има како вишок да може да се пренесе во Северна Македонија и Албанија и обратно, рече Рама и додаде дека Албанија произведува, на пример, струја од хидро секторот, а Србија најмногу од термоцентралите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ