• Latest

Рамковниот договор – соочување со минатото или пат кон иднината?

August 13, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рамковниот договор – соочување со минатото или пат кон иднината?

August 13, 2017 12:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот за мир, прекинување на воениот кофликт или врамување на заедничкиот живот на етничките заедници во Македонија, во 2001 година, требаше да претсавува почеток на една посветла иднина за Македонија.

Охридскиот ракмковен договор денеска навршува 16 години од неговото потпишување, како формален крај на воените дејствија што за едни беа акт на тероризам, за други борба за слобода, за некои одлука за дестабилизирање и ставање под сопствена котрола од трета, надворешна, страна.

За граѓанките и граѓаните во Македонија промените низ годините ги носеа спомените на децата извадени од касарните на отслужување воен рок, од сопствените домови и семејства, пратени по планини, ридови и села со спротивставени приказни да градат еден поинаков соживот со комшиите, браќата, колегите преку визирот на шлемовите и оружјето.

Договорот го потпишаа тогашните државни и партиски лидери, претседателот на Македонија, Борис Трајковски, премиерот Љупчо Георгиевски, претседателите на партиите, Бранко Црвенковски на СДСМ, Арбен Џафери на ДПА и Имер Имери на ПДП, како и специјалните претставници на ЕУ и САД. Во овие 16 години, но и во годините што следат, овој договор треба да го промовира почитувањето на етничкиот идентитет и интересите на сите македонски граѓанки и граѓани.

Охридскиот рамковен договор, според својата намена и содржина, треба да воспостави  целосно почитување на принципот на недискриминација, рамноправен и правична застапеност на етничките заедници во институциите и подеднаков третман на сите пред законот. Договорот гарантира дека политичките субјекти, тогашни, сегашни и идни, во име на сите граѓанки и граѓани што ги поставиле на власт, ќе ја преземат одговорноста за зачувувањето и развојот на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживотот во Македонија.

Во овие 16 години таа гаранција за соживот, еднаквост и слободно демократско општество постојано беше на стаклени нозе, со периодични преминувања на темната страна на насилството, нетолеранцијата, етничка и верска дискриминација, национализмот и лажниот патриотизам.

Уште колку години се потребни да се извојува битката, да се надминат и прифатат различностите, да се заврши 2001, да се научи, пред да се уништи со повторување на истите грешки? Уште колку е потребно соочување со минатото и продолжување во иднината? – тоа се прашања кои постојано се наметнуваат во секојдневниот општествен и политички живот во земјата.

ЦИВИЛ – Центар за слобода беше првата организација на граѓанското општество која го крена гласот против насилствата и побара итен прекин на воените дејства и почнување на процес на помирување во земјата. Претставници на ЦИВИЛ беа активни и на меѓународен план и придонесоа кон брза реакција на меѓународната заедница во Македонија. Ако светот реагираше со решителни чекори во војната во БиХ дури по четири крвави години, а во Косово по две години, конфликтот во Македонија се најде на агендата на меѓународната заедница веднаш, а конфликтот се заврши за шест месеци.

ЦИВИЛ остана активна организација во доменот на мирот и помирувањето и по завршувањето на конфликтот во 2001 година. Уште на самиот почеток на конфликтот, ЦИВИЛ ги мобилизираше креативните капацитети, па така организираше мега концерт само седум ден по почетокот на конфликтот (24 февруари 2001 година), а во летните месеци продолжи со патувачкиот фестивал Неограничен мир, кој се одржуваше секоја година до 2008 година.

Еден од многубројните проекти и активности е и „Соочување со реалноста: Локални култури на помнење“ во 2014 година. Тогаш излезе и публикацијата „Соочување со реалноста“ чија цел е да се идентификувааат клучните историски настани што влијаат на селективното помнење на етничките заедници. Воедно, тоа беше и обид да се воспостави култура на сеќавање и соочување со минатото што ќе ги вклучи сите етнички, политички, возрасни и родови заедници, преку инклузивни и конструктивни локални култури и сеќавања на ниво на заедницата. Во тоа истражување на ЦИВИЛ, 2001 беше маркирана како година на продлабочување на меѓуетничката нетрпеливост. Тој конфликт беше воедно и вовед кон децентрализација на земјата и можност за развој на земјата преку почитување на принципите кои се вградени во Рамковниот договор.

За жал, Рамковниот договор не беше спроведуван доследно, наспроти сите укажувања на граѓанското општество, експертите и меѓународната заедница. Напротив, тој беше злоупотребуван за политички цели и за манипулација. Тој е придружен и со незадоволството од помалите етнички заедници, селективно помнење и спротивставени информации за тој кој прв почнал, кој најмногу добил, а кој изгубил, континуирана расправа за тоа дали се работи за воен конфликт или тероризам…

Жариштата сè уште тлеаат, прашањето е кога ќе се пеплосаат и ќе се стави крај на 2001.

Биљана Јордановска

Tags: годишнинаКонфликтОхридски рамковен договор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ