• Latest

Рамковска: Моја должност е да зборувам за режимот, да потсетам за да не се случи повторно

March 11, 2020

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025

Сериозни повреди на демократските принципи пред локалните избори 2025 – Движењето Слободни и независни бара итна реакција од институциите

October 10, 2025

По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

October 10, 2025

Играта со меѓуетничките односи: Стратегија или опасен политички потег?

October 10, 2025

Зекирија Шаини: Сакаат да ме дискредитираат, мојата сопруга нема врска со пукањето – институциите нека го најдат вистинскиот сторител!

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Рамковска: Моја должност е да зборувам за режимот, да потсетам за да не се случи повторно

March 11, 2020 13:40
in Uncategorized, ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Интервјуто и го препратив на ќерка ми, на синовите не да го препратив, бидејќи рекоа не можат да го гледаат, но, на ќерка ми да, 16 годишна… женска солидарност. Таа ми рече дека интервјуто е многу добро, но, дека не сака луѓето да ја жалат. Не сакам ни јас, дека ова ќе го зборувам многу пати и не затоа бидејќи е моја желба и потреба, туку бидејќи сметам дека е моја должност, да потсетам на тоа што се случуваше, да не се случи повторно, да не биде така лесно да се игра со цели семејства“, истакна Емел Рамковска панелот „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ во организација на ЦИВИЛ.

Своето излагање на панелот, Рамковска го започнува со самиот почеток на нејзиното страдање, од моментот кога таа ги чекала во својот дом за да ја уапсат.

„Имав најава, видов што сè се случи со А1 телевизија, ги чекав дома, повеќе од 2 часа, да дојдат и да ме земат. Можев да избегав, ама ги чекав. Децата спиеа. Не знам колку возила беа, пет или шест. Се јавив на жената која ми помагаше со децата, да биде тука со нив. Додека влегуваа во мојот дом, да прават претрес, се сеќавам во истиот момент ги носевме децата во друга соба, среќа не се разбудија“, раскажува Рамковска.

Рамковска вели дека на одредени временски периоди не се сеќава, или пак нејзиниот ум не сака да се сети на рекои работи и дека тоа веројатно претставува некаков одбранбен механизам за да се преживее.

„Во притворот имаш допир со секакви луѓе, грозоморни убиства, сè станува релевантно, релативно, не судиш никого, ако јас сум за ништо тука, сфаќаш како функционира системот. 23 часа поминуваш во една просторија, имаш еден час надвор, но веќе и небото не можевме да го гледаме, освен преку метални решетки. Во просторија 23 часа, нема струја, штекер, 2 ипол години не можеш да видиш ни пржени јајца, ние имавме привилегија нашите да ни носат храна од дома, кафето не постоеше, немаш можност…

На децата им измислив некоја приказна, дека сум во странство, но, траеше многу долго, таа приказна не беше одржлива. Дојде периодот на судницата, каде таа астма ја добив таму, не од прашината во притворот, туку од тоа што се случуваше во судницата. Немавме право на збор, не можевме да се браниме, а ние однапред бевме осудени и гледаш дека немаш што да направиш и останува само да гледаш“, вели Рамковска.

Рамковска раскажува и за нечовечкиот однос која го имала судијката кон нејзе.

„Најстрашно беше кога ја гледав судијката како со тенденција – да покажеш што поголема нечовечност, како да тоа беше мерка за поставеност во таа хиерархија, толку таа ќе биде поголема таму. Во Шутка бевме донесени со претходни припреми, долго време пред да стигнеме просторијата била испразнета за татко ми. Во Идризово исто, мислев дека нема да го видам. Со месеци една просторија била резервирана за нас, ама ние мислевме нема да стигнеме, но стигнавме во Идризово. Домашен притвор беше надвор од секоја дискусија, и покрај тоа што бев мајка на мали деца…  Во Идризово барем да имавме посета од семејството, во просторија со маси, понормална слика од Шутка. Претходно не можев да ги видам моите деца, сите мои барања од судијката беа одбиени, се гледав со нив во ходниците во болниците, ме гледаа со лисици на рацете, беа збунети, но важно беше да се видиме“, раскажува Емел.

Таа додава дека посетите во Идризово траеле малку подолго, но дека долг и исцрплив бил целиот процес. Семејствата чекале со часови да влезат, поминувале на разни детектори и биле претресувани дури и нејзините деца.

„Јас еве веќе десетта година уште чекам можност да дојдам до правда, животот ми е под залог, не го живеам својот живот, уште сум во некој вакуум овозможен и сè уште трае пресуда, одлука на режим кој така си ги носел истите, како што на кому му текнало. Факт е дека добро ќе беше да нè нема, но ние сме тука покрај цело црнило. Јас поради некои чекори кои државава ги направи кон надворешната политика, имам позитивни очекувања, се надевам дека здравјето ќе нè служи и дека ќе дочекаме, малку сме уморни, мислиш дека нема да дочекаш, но, еве ако зборувам тука значи уште верувам и мислам дека сè ќе си дојде на свое место“, вели Рамковска.

Ангела Петровска 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ