Бизнисменот Велија Рамковски, кој по повеќе од седум години поминати во затвор, деновиве излезе од Идризово поради здравствени причини, најавува дека ќе ја обнови телевизијата А1, која според него, ја очекуваат гледачите кои „сè уште ја носат во срцата“
Порталот „Плусинфо“ го пренесува ставот на Рамковски од неговото интервју за утрешниот број на весникот „Слободен печат“, дека неговите најблиски соработници, кои заедно со него биле во Шутка и во Идризово, како и „храбрите новинари кои се бореа против режимот, ќе имаат 51 отсто од сопствеништвото на телевизијата“, како и дека новинарите ќе имаат со статут загарантирана – уредувачка автономија.