• Latest
Даниела Рангелова

Рангелова: Ние жените ако се избориме за нашите позиции, само тогаш ќе имаме подобро општество

March 8, 2022

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ЦИТАТИ

Рангелова: Ние жените ако се избориме за нашите позиции, само тогаш ќе имаме подобро општество

March 8, 2022 13:41
in ВЕСТИ, ТОП 5, ЦИТАТИ
Даниела Рангелова

Даниела Рангелова

Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на 8 Март – Меѓународен ден на жената, ЦИВИЛ Медиа објавува цитат од интервјуто (објавено на 27 декември 2021) со Даниела Рангелова, една од најмаркантните жени во македонската политика. Некогаш блиската соработничка на поранешниот премиер Никола Груевски, а во јавноста е позната и како лидерка на Унијата на жените при ВМРО-ДПМНЕ. Како пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рангелова беше претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во македонскиот парламент, како и на низа други собраниски тела и комисии.

„Жените треба да се охрабрат, заради тоа ако сме повеќе тогаш не може сите да ги напаѓаат и на крај тие ќе се откажат. Жените мора да бидат силни. Мене навистина ме загрижуваат невладините организации. И тие тактизираат со кого ќе соработуваат за случајно да не им се налутат големите политички партии, па потоа нема да им присуствуваат на настаните и ќе им пропаднат проектите. Треба да имаме една цел и да сме искрени, дали сакаме да го истуркаме ова или не…

Јас ги охрабрувам жените да ги има повеќе во политиката. Жалосно е што од 299 кандидати за градоначалници само 8% беа кандидати за градоначалнички и тоа малку станаа градоначалнички и тоа обесхрабрува. Но има и друго. Јас не мислам дека проблемот е само кај мажите. Најголемиот клиентелизам потекнува токму од жените, бидејќи кога ќе треба да се солидаризираат за вакви прашања, сепак, тие остануваат да дадат поддршка на раководството да не ја изгубат својата позиција.

И на крајот, тие моментално ќе добијат, но за некоја година и тие ќе бидат тргнати на страна. Да не го прават тоа заради себе, туку да го прават за своите ќерки, внуки, пријателки, бидејќи ако се избориме за нашите позиции, само тогаш ќе имаме подобро општество. Едноставно, да имаме еднакви можности, бидејќи како што жена може да се навреди со сексистички напади, маж не може да се навреди.

Ова не треба да го решаваме со дебати, треба да се реши институционално“, вели Рангелова.


Третиот дел од интервјуто со Даниела Рангелова во кое зборува за изборите, црните пари во кампањите, семејното насилство, родовата еднаквост и медиумите (3), е објавено на 27 декември 2021 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ