• Latest

Расправа во Собрание по Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и за Предлог – законот за социјална заштита

April 6, 2022
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Расправа во Собрание по Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и за Предлог – законот за социјална заштита

April 6, 2022 17:47
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на петтото продолжение на 64. седница на Собранието, пратениците расправаа Предлогот на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. По овој предлог во Собранието ќе се гласа кога ќе бидат создадени услови, пренесува МИА.

Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со оваа законско решение се прави рестрикција на мисловниот процес и информираа дека ќе поднесат амандмани по вака даденото законско решение. Пратениците од владејачката СДСМ, пак, оценија дека е отворена дебатата во Парламентот, во работните тела и не е во ред да се тврди дека на затворена врата се обидуваме да цензурираат слобода на говорот и цензура на говорот, кко што потенцираа пратениците од опозицијата.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи истакна дека оваа законско решение е неизменето, некорегирано, нецелосно и прави рестрикција на мисловниот процес.

– Можеби сметаме дека во плејадата на закони кои што поминуваат низ Парламентот, ќе помине и овој незабележано, но кога-тогаш законот ќе застане на свои нозе меѓу јавноста. Очекувам од новинарската фела да го разгледа уште еднаш и да ги даде своите критики, како и целокупното општество, рече Мизрахи.

Заменик министерот за правда Агим Нухиу во реплика на пратеничката Мизрахи, рече дека овој Предлог на закон пред да дојде на пленарна седница поминал неколку фази.

– Министерството за правда интервенираше и го прецизираше член 6 – за навреда одговара тој што со намера, со изјава, однесување, објавување или на некој друг ќе искаже за некој друг со определен интегритет едно деграридарчко мислење со кое што се нарушува репутацијата и угледот. Законот е создадено од членови од сите заинтересирани групи, вклучувајќи ги здруженијата на новинарите и синдикати, судии, универзитетски професори и не треба да се сомневаме во нивната компетентност во работната група. При формулирањето на овие одредби на законот за граѓанска одговорност се преземени и критиките на неколку извештаи посебно во делот каде се определува целта на законот за да не се ограничи слободата на изразување, што се однесува на финанскискиот износ, согласно со член 10 од Европската Конвенција за човековите права и Уставот на Република Северна Македонија, рече Нухиу.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, Министерството за правда со овој закон има единствена цел да ги спаси функционерите од власта од јавната критика. Тој апелира и побара зборот „мислење“ од оваа законско решение да биде сменето со „тврдење“.

Во реплика на пратеникот Лефков, Нухиу рече целта на овој закон не е да се направи цензура врз слободното изразување и слободниот говор или да има барикади за да ги заштити државните функционери. Доказ дека овој закон гарантира поголема слобода на изразување и на мислењето, рече Нухиу, е и фактот дека ние намаливме нематеријалните штети кои ќе бидат за навреда и клевета да не биде поголем од 400 евра за новинарите.

Диме Велковски, пратеник на СДСМ, истакна дека основниот темел на ова законско решение е „правото на слободата на изразување е едно од темелните човекови права кое што е особено значајно за постоењето на демократското општество“. Тој посочи дека целта е да се подобри закононското решение.

Собранието денеска одржа и продолженија на две други седници, на кои на дневен ред беа неколку предлог на закони за кои расправата беше завршена поради очекување за нивно гласање или поради отсуство на нивен претставник.

Попладнево, по скратена постапка, во рамките на 68-та седница, Собранието  ја почна расправата за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова рече дека со измените на законот не се опфатени група на граѓани за користење субвенции за електрична енергија, за месеците од април до септември, односно да користат право за субвенција на струја за цела година.

– Бројката на граѓани кои немаат средства да ги платат сметките за електрична енергија, се повеќе расте, затоа што, во последните години беа отпуштени околу 55.000 лица и околу 6.500 фирми беа затворени. Се покачија цените на основните прехранбени производи, горивото, струјата, а стандардот на граѓаните опадна, рече Петкова.

Таа истакна дека вчера протестираа родители на деца со посебни потреби, кои исто така ја чувствуваат енергетската криза.

Петкова рече дека во иднина со законот треба да бидат опфатени и други категории на граѓани, како старите лица и лица со посебни потреби, кои сега не се опфатени со законот.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во реплика до Петкова објасни дека со Законот за неевидентирани лица во Матична книга на родени, всушност, овие лица имаат право да се евидентираат како вработени, но не и право да се евидентираат како невработени лица.

– Исклучокот, кој се прави со измените, се прави со цел, овие лица да имаат можност да бидат вклучени во гарантирана минимална помош. Имајќи предвид дека се работи за една од најранливите категории на наши граѓани, кои немаат никакви приходи, а со Законот за неевидентирани лица во Матична книга на родени, беше овозможено овие лица да добијат пристап до права од социјална заштита, право на вработување и право на образование на нивните деца. Токму од овие причини за да ја заштитиме најранливата категорија на граѓани е овој исклучок во измените на законот за социјалната пензија. Всушност, се работи за надоместок за социјална сигурност на старите лица, рече Тренчевска.

Таа потенцира дека како Влада и Министерство, ги имаат предвид сите ранливи категории на граѓани и со пакетот од 26 мерки кои беа донесени, беа опфатени дел од граѓаните.

– Во процес сме на креирање на нови мерки, наменети за граѓани кои досега не беа опфатени со овие мерки, рече министерката за труд и социјална политика.

Пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ во реплика истакна дека со измените на Законот за социјалната заштита, воведуваме дополнителни 1.000 денари помош за семејствата кои добиваат гарантирана минимална помош.

– Семејствата кои се корисници на гарантираната минималната помош за следните три месеци ќе добијат по дополнителни 1.000 денари на своите сметки со цел да им се помогне полесно да ги надминат последиците од економската криза. Ова е дел од мерките, меѓу кои се и укинувањето на ДДВ за основните продукти, субвенционирање на сметките за електрична енергија, а преку кои го штитиме стандардот на граѓаните. Да не заборавиме и дека минималната плата веќе од овој месец изнесува 18.000 денари, посочи Шкријељ.

Таа додаде дека борбата против сиромаштијата и невработеноста продолжува и преку Оперативниот план за вработување за 2022 година со буџет од 1,8 милијарди денари, односно 30 милиони евра.

По ова, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина седницата и рече дека таа ќе биде дополнително закажана.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ