• Latest

Распуштен парламент или распуштени пратеници?

January 14, 2020

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Распуштен парламент или распуштени пратеници?

Никаде во Уставот, Деловникот на Собранието или Законот за Собранието не се спомнува дека распишувањето на изборите или пак распуштањето на Собранието е причина поради која  пратеникот го губи или му се одзема мандатот. Во Деловникот за работа на Собранието и во Законот за Собранието нема ниту една одредба во која се спомнува распуштањето на Собранието, меѓутоа има одредби во кои се регулира работењето на Собранието по завршувањето на мандатот на пратениците.

January 14, 2020 12:27
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Според членот 61 од Уставот на Македонија “Собранието на Република Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката. Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот и со Деловникот.“

Тоа значи дека Собранието е органот кој ги претставува граѓаните и неговото функционирање се уредува со посебни акти.

Во овие акти не спаѓа Законот за Влада, односно, во Законот за Влада не може да се уредуваат прашања за односот на Собранието и владата кои претходно не се уредени со Уставот и/или Деловникот.

Според членот 62 од Уставот “Пратеникот не може да биде отповикан.“

Нема освен, нема доколку, нема ниту една ситуација која предвидува било кој орган на државата да може да го отповика пратеникот, затоа што него не го назначил или именувал или избрал било кој орган на државата, туку тоа го направиле граѓаните во соодветна процедура.

Според членот 63 од Уставот “Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години.“ Во истиот член  “Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.“

Според членот 56 од Деловникот на Собранието “На пратеникот му престанува мандатот или може да му биде одземен мандатот само во случаите и на начин утврдени со Уставот, закон и овој деловник.“

Во членот 6 од Закот за Собранието се децидно наброени единствените случаи кога му престанува мандатот на пратеникот “ На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако: 1) поднесе оставка; 2) е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години; 3) настапи случај на неспојливост со функцијата пратеник; 4) му престане државјанството на Република Македонија; 5) со правосилно решение биде лишен од деловната способност и 6) во случај на смрт.

Никаде во Уставот, Деловникот на Собранието или Законот за Собранието не се спомнува дека распишувањето на изборите или пак распуштањето на Собранието е причина поради која  пратеникот го губи или му се одзема мандатот. Во Деловникот за работа на Собранието и во Законот за Собранието нема ниту една одредба во која се спомнува распуштањето на Собранието, меѓутоа има одредби во кои се регулира работењето на Собранието по завршувањето на мандатот на пратениците. Ако тоа се поврзе со ставот 1 од чл. 66 од Уставот (Член 66- Собранието е во постојано заседание.), тоа значи дека се оневозможува било кој период на “безвластие“, односно, непостоење на Собранието како највисок орган на државата (освен воена состојба).

Според членот 18 од Деловникот на Собранието “Со верификацијата на мандатот, пратеникот се стекнува со права и должности утврдени со Уставот, со закон и со овој деловник.“

Според членот 19 од  Деловникот на Собранието “(1) На пратеникот на кој му е верифициран мандатот му се издава легитимација и картичка за електронско гласање. (2) Во легитимацијата се внесува правото на имунитет и другите права што можат да се остварат врз основа на функцијата пратеник.“

Според членот 178 од  Деловникот на Собранието “Со истекот на мандатот на составот на Собранието завршуваат сите законодавни постапки и постапки за донесување на други акти започнати во мандатниот период.“. Значи не со распуштање на Собранието туку со истек на мандатот!

Според членот 5 од Законот за Собранието “(2) Мандатот на пратениците трае од денот на неговото верификување до денот на верификувањето на мандатот на новоизбраните пратеници, но не подолго од четири години.“ Значи не со распуштањето на Собранието!

Никаде не се спомнува дека мандатот на пратениците престанува пред денот на верификација на мандатите на новите пратеници. Тоа значи дека се’ додека важи верификацијата на мандатот на пратеникот тој ги има и правата и должностите кои произлегуваат од неговата функција. Со други зборови, овие  права може да ги има само доколку ја остварува функцијата пратеник, односно, доколку ги обавува должностите за кои е избран. Доколку не ја остварува оваа функција (и не ги обавува должностите поврзани со функцијата) ги губи и сите права поврзани со неа (движење во Собранието и користење на службите во Собранието, добивање плата и други надоместоци, имунитет …).

Според членот 92 од Уставот „Владата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието.“ Според членот 93 од Уставот „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и’ престанува мандатот кога Собранието се распушта.“

Тоа значи дека може да постои Собрание без влада, меѓутоа никако не може да постои влада без Собрание. Во конкретниов случај, доколку пратениците престанат да работат – тоа ќе значи дека и тнр. „Техничка Влада“ – не смее да работи!!!

И, да нема забуна – дел од собраниските функции можат да преминат на Владата (член 126 „При постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.“) односно на Претседателот (член 127 “За време на воена состојба, ако Собранието не може да се состане, претседателот на Републиката може да ја именува и разрешува Владата и да именува и разрешува функционери чиј избор е во надлежност на Собранието.“), меѓутоа вонредните избори не значат и воена состојба во државата.

Заклучок:

Правото е многу логично и егзактно. Тоа не трпи контрадикторности.

Не може да има извршител без наредбодавач.

Не може да има управа без контрола од страна на преставниците на суверените граѓани.

Не може да има пратеници со активен мандат, а да не постои Собрание, бидејки Собранието е збир од пратеници со активен мандат кои ги претставуваат граѓаните.

Не може Собранието да биде потполно нефункционално а да има неработни пратеници кои:

  1. Си ги имаат сите права што се поврзани со пратеничкиот мандат (плата, дневници, превознина, исплата на кирии и сместување …), а немаат никакви должности
  2. Не се вратени на своите поранешни работни места или не побарале апанажа
  3. Пратениците не поднеле во рок од 30 дена анкетен лист за состојбата со нивниот имот поврзано со завршување на функцијата.

Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ