• Latest

Расте оптимизмот кај граѓаните

September 18, 2017

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Расте оптимизмот кај граѓаните

September 18, 2017 16:15
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Голем пораст на оптимизмот на граѓаните во врска со политичката ситуација во земјата, со подобрување на економската ситуација и со изгледите за членство во ЕУ, покажуваат резултатите од анкетата на населението во Македонија што денеска ги објави Центарот за анкетни истражувања на Интернационалниот Републикански институт (ИРИ). Податоците биле собрани од 4 до 21 август 2017 година, преку интервјуа лице-во-лице на национално репрезентативен примерок од 1.105 испитаници, на возраст од над 18 години.

Според резултатите од анкетата, бројот на оние кои ја нарекуваат ситуацијата „критична и нестабилна“ бележи пад од 22 проценти, и тоа од 32 проценти во март 2017, на само 10 проценти во август 2017 година!

Бројот на граѓан(к)и кои ја опишуваат внатрешно-политичка ситуација како „мирна и стабилна“ се зголемил на 44 проценти во август 2017 година, од само 5-те проценти во март! Според ИРИ, оваа промена, е веројатно поврзана со неодамнешното формирање на нова влада, по две години на жесток политички конфликт и несигурност.

Процентот на оние кои ја опишуваат моменталната состојба како „напната и неизвесна“, пак, паднал за 18 проценти, од 62 проценти во март 2017, на 44 проценти во август 2017 година.

Од ИРИ посочуваат дека македонските граѓани, се пооптимистични по прашањето за изгледите за пристапувањето кон Европската унија. Бројот на оние кои мислат дека земјата сега е поблиску до пристапувањето во ЕУ, отколку кога го добила кандидатскиот статус, скокна од 13-те проценти од март 2017 година, на сегашните 41 процент!

Поддршката за членството во ЕУ и понатаму е силна – со 77 проценти, со подобрување за 5 проценти од март 2017 година.

 

„Додека претходните анкети на ИРИ одразуваа длабока вознемиреност и песимизам во врска со стабилноста и траекторијата на Македонија, резултатите од ова истражување се многу охрабрувачки“, изјави регионалниот директор на ИРИ за Европа, Јан Сурочак, потенцирајќи дека новата Влада треба да го препознае ова како можност да ја врати довербата на граѓаните на Македонија и да преземе суштински мерки за решавање на прашањата коишто се од најголема важност за нив.

Обновеното чувство на стабилност што се рефлектира во истражувањето, сметаат од ИРИ, може да придонело за пооптимистички поглед и кон економијата. Триесет и три проценти од анкетираните веруваат дека економијата ќе се подобри во текот на следните две години, што е зголемување за 12 проценти од март 2017. Исто така, се чини дека песимизмот во однос на квалитетот на животот во Македонија е намален, зашто, бројот на испитаници кои сметаат дека нивниот квалитет на живот се влошува, се намалил од 38 проценти во март 2017 – на актуелните 24 проценти.

Анкетата била спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку „Брима“, со маргина на грешка – плус или минус три проценти, на среден опсег на ниво на доверба од 95 проценти.

Истражувањето е овозможено со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Tags: анкетаЕУИРИоптимистиполитичка ситуација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ