ЦИВИЛ Центар за слобода организираше панел – дискусија: „За името се работи“, со Африм Гаши од БЕСА и Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, како дел од #Перспектви 2.0.
#Перспектви 2.0 се серија мултимедијални настани на ЦИВИЛ со панел дискусии, изјави, интервјуа и презентации посветени на општествените и политичките трендови во Македонија. Во „Перспективи 2.0“ ќе се говори за постигнувањата, неуспесите и предизвиците кои се пред нашата земја до крајот на оваа година.
Никола Груевски, во отсуство, денеска е осуден на две години затвор за против законско влијание на Министерството за внатрешни работи во набавка на блиндиран мерцедес од 600.000 евра во случајот „Тенк“. За истиот предмет осуден е и Ѓоко Поповски на 6,6 години за злоупотреба на службена должност. Оваа прсуда ја надополнува вчерашната пресуда со кој Поповски е осуден на 9 години затворска казна за незаконска набавка на 300 возила за МВР.
Мала група на граѓани протестираа пред судот во поддршка на Никола Груевски.
Вечерва во 20 часот во МТВ ќе се одржи првиот дуел помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Полицијата трага по две малолетни штитеници на домовите „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“.
Д.М.