Грчката полиција соопшти дека на протестот во Атина против компромисно решение на спорот со името со нашата земја учестувале околу 140.000 луѓе, но извори на ЦИВИЛ Медиа кои се наоѓаат на протестот во овој момент, јавуваат за присуство на околу 300.000 луѓе.
Организаторите, меѓу кои е десничарската Златна Зора, озлогласена по својот неофашизам, соопшти дека на протестот учествуваат 1,5 милион луѓе, што е драстично поголема и лажна бројка.
Протестот поприми антивладин карактер и претставува шанса за десничарската опозиција да ја разниша владата на Алексис Ципрас, користејќи ги како повод напорите на грчкиот премиер да го реши спорот за името.
Александрос Стаматиу
Спрецијално за ЦИВИЛ Медиа
фото: SOOC
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.